140
www.aeg.com
5. КОНТРОЛИ
Користете ја најголемата брзина во
случај на невообичаена концентрација
на пареи во кујната. Ви препорачуваме
да го вклучите издувувањето 5 минути
пред да започнете со готвењето и да го
оставите да работи околу 15 минути по
завршување на готвењето.
click!
All manuals and user guides at all-guides.com
T1
T5
T4
T3
T2
T1
Командите се наоѓаат на горната страна
од телескопот на аспираторот.
Отворете го телескопот за да
пристапите до командите и да го ставите
аспираторот во функција.
Со затворен телескоп сите функции од
аспираторот се деактивирани освен
светлото чие копче се наоѓа и на
долната страна од телескопот.
Со повторно отворање на телескопот
повторно се воспоставува состојбата на
претходното функционирање и може да
се видат светлосните сигнализирања.
T1.
Копче за вклучување/исклучување на
светлото (се пали сијаличката L1)
T2.
Копче за исклучување - Копче за
бирање на 1-ва брзина (моќност) на
всмукување (се пали сијаличката L2)
T3.
Копче за бирање на 2-ра брзина
(моќност) на всмукување (се палат
сијаличките L2+L3)
T4.
Копче за бирање на 3-та брзина
(моќност) на всмукување (се палат
сијаличките L2+L3+L4)
T5.
Копче за бирање на интензивна
брзина (моќност) на всмукување (се
палат сијаличките L2+L3+L4 + трепка
сијаличката L5) - времетраење
5 минути - потоа аспираторот
автоматски ја става 2-ра брзина
(моќност) на всмукување.
Задоцнето исклучување на
аспираторот (трепкави сијалички):
Може да поставите задоцнето
исклучување на аспираторот (OFF)
со повторно притискање повеќе од
2 секунди на копчето од брзината
(моќноста) на всмукување која е активна
во тој момент.
Времињата на задоцнето исклучување
кои ви стојат на располагање се:
1-ва брзина (моќност) на всмукување:
20 минути
2-ра брзина (моќност) на всмукување:
15 минути
3-та брзина (моќност) на всмукување:
10 минути
Интензивна брзина (моќност) на
всмукување: 5 минути