camry CR 1258 Manual De Uso página 29

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 10
луѓето кои не го познаваат уредот да го користат без надзор.
5. Предупредување: Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица
(вклучувајќи и деца помали од 8 години) со намалени физички, сензорни или
ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен ако не се
надгледувани или упатувани во врска со употребата на уредот од страна на лице
одговорно за нивната безбедност. Децата не треба да си играат со уредот.
Чистењето и одржувањето на уредот не треба да биде извршувано од страна на
деца, освен ако не се поголеми од 8 години и ако нема некој кој ќе ги надгледува.
6. Откако ќе завршите со употреба на уредот, полека извадете го приклучникот од
доводот на струја, притоа придржувајќи го штекерот со рака. Никогаш не влечете го
кабелот!!!
7. Никогаш не оставајте го без надзор уредот поврзан со довод на струја. Дури и кога
накратко ќе прекинете со негова употреба, исклучете го од струја.
8. Никогаш не ставајте го кабелот, приклучникот или целиот уред во вода. Никогаш
не изложувајте го уредот на атмосферски услови, како директна сончева светлина
или дожд, итн. Никогаш не употребувајте го уредот во влажни услови.
9. Повремено проверувајте ја состојбата на електричниот кабел. доколку тој е
оштетен, однесете го уредот на овластен сервис за замена на кабелот со цел да се
избегнат опасни ситуации.
10. Никогаш не употребувајте го уредот со оштетен кабел или ако ви паднал или бил
оштетен на било каков начин или ако не работи правилно. Не обидувајте се сами да
го поправате дефектниот производ бидејќи тоа може да доведе до електричен шок.
Секогаш носете го таквиот уред на овластен сервис на поправка. Поправките можат
да ги извршуваат единствено професионални лица од овластен сервис, бидејќи
неправилните поправки можат да предизвикаат опасни ситуации за корисникот.
11. Никогаш не ставајте го уредот на или во близина на загреани или врели
површини или кујнски уреди како електрични или плински шпорети.
12. Никогаш не користете го уредот во близина на запалливи материјали.
13. Не оставајте го кабелот да виси преку работ на работната површина.
14. Доколку бокалот е преполнет, врелата вода може да претече.
15. Предупредување: Не отворајте го капакот додека водата зоврива.
16. Употребувајте го бокалот само со оригиналната база.
17. Внимание: Пред да го извадите бокалот од базата, проверете дали тој е
исклучен.
18. Овој уред е наменет за домашна и слична употреба, како на пример за кујни за
персоналот во продавници, канцеларии и други работни опкружувања, за гостите во
хотели, мотели и слично во собите или во трпезариите.
19. Бокалот треба да се исклучува по секоја употреба.
20. Со цел да обезбедите дополнителна заштита, препорачуваме да инсталирате
заштитен уред на диференцијална струја (RCD) на струјното коло, со рејтинг на
диференцијалната струја од не повеќе од 30 мА. Контактирајте професионален
електричар во врска со ова.
21. Овој уред е наменет единствено за зовривање вода.
22. Бидете внимателни при зовривањето вода. Не допирајте го телото на бокалот и
капакот. Не отворајте го капакот додека водата зоврива или тукушто зоврила.
23. Пареата која излегува од бокалот за време и по зовривањето на водата останува
врела. Внимателно отворете го капакот. Децата треба да се држат подалеку од
бокалот кога е вклучен.
24. Движете го бокалот единствено држејќи го за дршката.
29
loading