Bosch GNF 35 CA Manual Original página 189

Ocultar thumbs Ver también para GNF 35 CA:
OBJ_BUCH-1725-002.book Page 189 Friday, August 26, 2016 3:12 PM
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
Заштита од преоптоварување
При преоптоварување моторот запира. Оставете го
електричниот апарат неоптоварен на највисок број на
вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување 1 ставете го во положба Исклучено и одново
вклучете го електричниот апарат.
Напомена: Редовно проверувајте ја функцијата на
заштитата од рестартирање, при што за време на работата
ќе го извлечете струјниот приклучок и потоа повторно ќе
го приклучите.
Совети при работењето
 Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење на суви материјали.
 Водете го електричниот апарат секогаш со двете
дршки. Не го водете го и не го носете електричниот
апарат со зглобот за вшмукување.
– Подесете ја длабочината на сечење, видете го делот
„Претходно бирање на длабочината на резот". За да се
поправат грешките, коишто настануваат при кршење на
сегментите, длабочината на сечење мора претходно да
се избере за 3 мм подлабоко од саканата длабочина на
жлебот.
– Поставете го електричниот апарат на двата задни
лизгачки валјаци 3, така што дијамантските брусни
плочи за сечење нема да го допираат делот што се
обработува.
Bosch Power Tools
– Вклучете го електричниот апарат и полека вдлабнете го
во материјалот.
– Водете го електричниот апарат со двете дршки и со
умерен притисок по материјалот што се обработува.
– Електричниот апарат секогаш мора да се води во
спротивен правец на движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне од резот.
– Електричниот апарат може и да го туркате и да го
влечете во правец на сечењето. Вертикалните процепи
може лесно да се добијат со повлекување од горе
надолу.
– По завршување на работа на работниот процес,
извлечете ги дијамантските брусни плочи за сечење од
жлебот додека работи моторот.
– Исклучете го електричниот апарат.
Не ги кочете дијамантските брусни плочи за сечење со
страничен притисок.
 При запирањето на работата, електричниот алат не
го поставувајте на лизгачките валјаци 3 туку
странично, така што дијамантските брусни плочи за
сечење ќе може слободно да се вртат и да не
покажуваат кон телото.
 Дијамантската брусна плоча за сечење за време на
работата станува многу жешка, не ја допирајте пред
да се олади.
21
Отстранете ги останатите сегменти во материјалот со
алатот за отстранување на сегменти 21.
Криволиниското сечење не е возможно, бидејќи
дијамантските брусни плочи за сечење може да се
заглават во делот што се обработува.
При сечење на плочести материјали, истите мора да се
потпрат или постават на цврста подлога.
При изведување на сегменти во ѕид на пр. со електро-
пневматски чекани за дупчење може да го спречите
лупењето на материјалот на површината, доколку
претходно направите жлеб со максимална длабочина на
сечење со глодалката за жлебови во ѕид.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
1 609 92A 2PN | (26.8.16)
Македонски | 189
loading

Este manual también es adecuado para:

Gnf 65 a professional