Bosch 3 600 HD2 000 Manual Original página 131

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро
u
осветлен. Преполни или темни простории може да
доведат до несреќа.
Држете ги децата и присутните подалеку додека
u
работите со електричен алат. Невниманието може
да предизвика да изгубите контрола.
Додека ја користите машината, во круг од најмалку
u
3 метри не треба да има луѓе и животни.
Нечистотијата никогаш не треба да се дува во правец
на случајни минувачи.
Кога ракувате со производот, внимавајте на
u
опасностите кои се нечујни и не можете да ги
слушнете.
Внимавајте да не го згазите или да не се сопнете од
u
уредот кога е сотавен на земја.
Операторот е одговорен за штетата нанесена на
u
други луѓе или нивниот имот.
Електрична безбедност
Избегнувајте телесен контакт со заземјени
u
површини, како на пример, цевки, радијатори,
метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик
од струен удар ако вашето тело е заземјено.
Електричниот алат држете го подалеку од дожд и
u
влага. Навлегувањето на вода во електричниот алат го
зголемува ризикот од електричен удар.
Избегнувајте лоши временски услови, особено ако
u
постои опасност од невреме со грмотевици.
Лична безбедност
Бидете внимателни, внимавајте како работите и
u
работете разумно со електричен алат. Не
користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати
може да доведе до сериозна лична повреда.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете
u
заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат
за соодветни услови, ќе доведат до намалување на
лични повреди.
Облечете се соодветно. Не носете широка облека и
u
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
u
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
Не трчајте со производот.
u
Секогаш употребувајте го производот во висина на
u
вашиот струк, односно на половина висина од
тлото.
Bosch Power Tools
Не дозволувајте искуството стекнато со честа
u
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Никогаш не прскајте го уредот со вода. Никогаш не
u
потопувајте го уредот во вода.
Користете го производот само со приклучена
u
млазница.
Дувајте само градинарски отпад. Не дувајте и не го
u
користете уредот во близина на топли, запаливи или
експлозивни материјали. Не дувајте снег или нешто
што може да стане проектил. Не ја користетедувалката
за да возите возило (на пр. скејтборди).
Дувалката продолжува да дува уште неколку
u
секунди по исклучувањето (задржан воздух).
Пуштете моторот да престане со работа пред повторно
да го вклучите.
Не палете-гасете го уредот повеќепати едноподруго.
Овој уред не е наменет за лица (и деца) со
u
ограничени физички, сензорни или ментални
способности, со недостаток на искуство и
знаење,освен ако се под надзор од страна на
личност одговорна за нивната безбедност која ги
упатува како да го користат уредот и ги надгледува
при работата. Децата треба да бидат под надзор да не
си играат со уредот.
Одржувајте ги чисти и не дозволувајте нечистотија
u
и отпадоци да влегуваат во отворите за ладење.
Не вршете промени на уредот. Неовластените
u
модификации можат да доведат до нарушување на
безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата
или вибрациите.
Секогаш стартувајте го производот со помала
u
брзина, особено при ниски температури. Ако се
избере поголема брзина при ниски температури,
Македонски | 131
F 016 L94 456 | (22.05.2023)
loading

Este manual también es adecuado para:

Gbl 18v-750