Bosch GKS 235 Turbo Professional Manual Original página 168

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
168 | Македонски
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Врз основа на TRGS 553 во Германија неопходно е
користење тестирани уреди за всисување на прав
настаната при обработка на дрво, а сопственото
всисување не смее да се користи во комерцијални
предели. Комерцијалните корисници мора да ги
разјаснат специјалните барања за други материјали со
надлежното здружение на професионалци.
Работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (25). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (14), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
(14). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (25).
Затезната сила на затезната рачка (25) може
дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната
рачка (25) и повторно затегнете ја поместена за најмалку
30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (1).
Олабавете ги пеперутка-завртките (7) и (15). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (6). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките
(7) и (15).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (26).
1 609 92A 4BS | (03.02.2021)
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° (10) ја прикажува позицијата на
сечилото од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (9) ја прикажува позицијата на сечилото од
пилата при сечење под агол од 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
3 601 EA2 0K./3 601 EA2 0L./3 601 EA2 0F.:
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (3) притиснете го копчето за
фиксирање (2).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (2),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) и потоа отпуштете го.
3 601 EA2 08./3 601 EA2 0B./3 601 EA2 04./
3 601 EA2 00./3 601 EA2 07./3 601 EA2 001/
3 601 EA2 071:
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (3) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
45
0
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

Gks 9 professional06015a2001