Milwaukee HD18 PXP Manual Original página 47

Ocultar thumbs Ver también para HD18 PXP:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да
бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење
на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно
27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката на
батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете ја
повторно. Доколку машината не се вклучи повторно, можно
е батериското пакување да е испразнето. Тогаш тоа ќе мора
да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби
за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани,
а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
СОВЕТ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Quick und Easy (Q&E) (брзо и лесно) претставува фитинг
концепт за Uponor-PEX-цевки и системи. Поврзувањето се
врши преку степенесто продолжување на цевката со еден
Q&E-прстен што се нанесува на надворешната страна од
цевката, по што се врши собирање преку фитинг-ниплата.
Смеат да се употребуваат само оригинални Q&E-фитинзи,
прстени и алати за продолжување.
По продолжување потребно е продолжената цевка да се
втурне низ ниплата. Доколку цевката е премногу собрана, не
вршете повторно продолжување, туку исечете го продолжениот
дел.
92
МАКЕДОНСКИ
Продолжувањето се врши во повеќе степени. Ова станува
јасно преку звукот на „кликнување" при контракција на главата
за продолжување. Бројот на продолжувања зависи од
дијаметарот на цевката.
Типични примери:
16 x 1,8 mm - 4 продолжувања
20 x 1,9 mm - 6 продолжувања
25 x 2,3 mm - 8 продолжувања
16 x 2,2 mm - 6 продолжувања
20 x 2,8 mm - 12 продолжувања
25 x 3,5 mm - 20 продолжувања
Не ја продолжувајте цевката почесто отколку што е наведено.
По секое продолжување главата за продолжување мора да
биде малку извртена.
Ваквото извртување спречува да не дојде до премногу длабоко
засекување на главата за продолжување во внатрешниот ѕид
на цевката.
Доколку главата за продолжување не се извртува, тоа може да
доведе до длабоки бразди во пластичната цевка и тешко
поврзување. Како последица на тоа и на пропустливоста
можат да се предизвикаат материјални штети.
Главите за продолжување на Milwaukee автоматски се
извртуваат при секое продолжување. Контролирајте го ваквото
извртување одвреме-навреме без вметната цевка.
Главите за продолжување на Uponor Standard не се извртуваат
автоматски. Затоа по секое продолжување цевката мора да
биде извртена рачно за 1/8 круг.
ИНСТАЛАЦИЈА ПРИ ЛАДНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
При ниски температури, на цевката и е потребно подолго
време за да се собере во ниплата и да заптива.
Зависно од големината на цевката, бројот на продолжувања
може да се намали при ниски температури.
Пред употреба на температури под 5 °C алатот мора да биде
затоплен со батерија. За таа цел извршете неколку циклуси
без цевка.
КОНТРОЛА НА ЗАПТИВНОСТА
Фитинг-врската може да биде ставена под притисок по 30
минути на температури до +5 °C. При пониски температури,
времето на чекање изнесува како што следи:
+ 5°C... 0°C: 1,5 h
0°C...- 5°C: 3 h
- 5°C...-10°C: 4 h
-10°C...-15°C: 10 h
На собна температура, по 6 до 24 часа врзувањето е исто
толку цврсто колку и самата цевка.
Контролата на заптивноста се врши во согласност со
важечките норми (ANV 12108), пред системот да биде ставен
во употреба.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Употребете ја приложената маст од тубата за да ги намастите
Q&E главите за продолжување.
Конусот на алатот се чисти и подмачкува секојдневно или
најмалку по 100 поврзувања. Употребувајте чиста,
непарталава крпа за нанесување тенок слој од средството за
подмачкување (Molykote G-n plus) на конусот за
продолжување. Сите други делови од алатот одржувајте ги
без средство за подмачкување.
При употреба на глави за продолжување на Uponor Standard
дополнително мора да се замасти внатрешниот прстен на
главата за продолжување.
Редовно чистете ја внатрешната страна од главите за
продолжување со сува крпа. Избегнувајте појава на собирања
на средство за подмачкување помеѓу сегментите. Важно е,
надворешната страна на сегментите да се одржува без
средства за подмачкување и сува.
Несоодветно подмачкување (премногу или премалку) може да
доведе до неисправни поврзувања и до оштетувања.
Употребувајте глави за продолжување сертифицирани од
Uponor.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Електричните апарати и батериите што
се полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
93
loading