Philips 9290031324 Manual Del Usuario página 55

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
14. Не ставајте ги прстите или други предмети во влезот или излезот на воздухот за да не предизвикате телесни повреди или
дефект на апаратот.
15. Не употребувајте го апаратот во близина на плински уреди, уреди за греење или камини.
16. Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето кога го поместувате, го чистите, го чистите филтерот или изведувате друго
одржување.
17. Не оставајте го UV-C апаратот приклучен на напојувањето кога не се користи. Исклучете го од штекерот кога не го користите и
пред да го сервисирате.
18. Не користете го ако се оштетени кабелот или приклучокот. Доколку UV-C апаратот не работи како што треба бидејќи, на
пример, ви паднал, се оштетил, бил оставен на отворено или ви паднал во вода, контролното светло свети црвено и апаратот треба
да го вратите на корисничката поддршка. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот.
19. Не повлекувајте го кабелот, не оставајте го апаратот да виси на него, не користете го кабелот како рачка, не приклештувајте
го со врати и не влечете го околу остри рабови или агли. Не виткајте го кабелот околу апаратот додека се користи. Внимавајте
кабелот да биде подалеку од загреани површини.
20. Не исклучувајте го апаратот со повлекување на кабелот. За да го исклучите апаратот, фатете го приклучокот, а не кабелот.
21. Не ракувајте со приклучокот или со UV-C апаратот со влажни раце.
22. Кабелот не може да се замени.
23. Исклучувајте ги сите контроли пред да го исклучите апаратот од напојувањето.
24. Внимавајте UV-C апаратот да се наоѓа настрана од извори на оган.
25. Не расклопувајте го UV-C апаратот.
26. Доколку контролното светло свети црвено, тоа значи дека апаратот има дефект. Како мерка на претпазливост, исклучете го
уредот од напојувањето и проветрете ја собата 30 минути, а потоа контактирајте со корисничката поддршка. Не обидувајте се
сами да го поправате и/или да го заменувате производот.
Предупредување:
1. Овој UV-C апарат не е одобрен и/или сертифициран како медицински уред и не е наменет да се користи за медицински цели или
во медицински средини.
2. Signify е целосно исклучен од одговорност за какво било несоодветно користење на овој апарат, вклучувајќи ја и неговата
употреба за медицински цели и/или во медицински средини.
3. Овој апарат не е играчка. Не е наменет за користење од страна на деца под 12-годишна возраст. Потребен е зголемен надзор
кога се користи од страна на деца или во нивна близина.
Контролна табла:
* Во режимите 1 час, 2 часа и 4 часа, апаратот работи со максимална брзина на вентилаторот.
**Во тивкиот режим, апаратот секогаш работи со ниска брзина на вентилаторот.
Копче за напојување
Копче за тајмер
LED-показатели за 1 час, 2 часа
и 4 часа* и тивок режим**
54
loading