ergobaby evolve Manual De Instrucciones página 56

Ocultar thumbs Ver también para evolve:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
ВАЖНО! ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЧУВАЈТЕ ЗА
ИНФОРМАЦИИ ВО ИДНИНА
Прочитајте ги сите упатства пред употреба. Доколку не се следат овие предупредувања и упатства може да дојде до сериозна
повреда или смрт.
Треба да се склопува од возрасни: Пакувањето содржи мали делови. Чувајте ги сите компоненти подалеку од дофат на деца.
Хранилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ВАЖНО: Овој производ е наменет за деца кои можат да седат без помош (околу 6 месеци) и до 3 години или со максимална
тежина до 15 кг. Не користете ја хранилката додека детето не може да седи без помош.
• СЛЕДЕТЕ ГИ УПАТСТВАТА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ.
• НЕ ОСТАВАЈТЕ ГО ДЕТЕТО БЕЗ НАДЗОР.
• РЕМЕНИТЕ МОРА СЕКОГАШ ДА БИДАТ ПРАВИЛНО НАМЕСТЕНИ – ПОВЕЌЕТО ПОВРЕДИ ОД ХРАНИЛКИТЕ СЕ ПРЕДИЗВИКАНИ
ОД ПАДОВИ.
• ПОСТАВУВАЈТЕ ЈА ХРАНИЛКАТА ПОДАЛЕКУ ОД ЦВРСТИ СТРУКТУРИ И КЛУПИ ЗА ДА ИЗБЕГНЕТЕ ПОВРЕДИ ПРЕДИЗВИКАНИ
ОД ПАДОВИ И ОД ПРИСТАП ДО ОПАСНИ ПРЕДМЕТИ.
MK
• НЕ КОРИСТЕТЕ ЈА ХРАНИЛКАТА АКО НЕ ФУНКЦИОНИРА ПРАВИЛНО. КОНТАКТИРАЈТЕ СО ERGOBABY ОКОЛУ ОПЦИИ ЗА
ПОПРАВКА ИЛИ ЗАМЕНА.
ОПАСНОСТ ОД ПАЃАЊЕ: Постојат случаи на деца кои претрпеле тешки повреди на главата, вклучително и фрактури на черепот
при паѓање од хранилка. Паѓањето може да се случи ненадејно доколку детето не е правилно врзано.
• Секогаш користете го системот за врзување и приспособете го за да се вклопи цврсто. Проверувајте дали ременот е правилно наместен.
• Детето треба постојано да биде прицврстено на хранилката со системот за врзување.
• Послужавникот не е дизајниран да го држи детето на столчето
• Останете во близина и надгледувајте го детето за време на употребата. НИКОГАШ не оставајте го детето без надзор.
• Внимавајте на ризикот од превртување кога вашето дете може да се турне со нозете од маса или која било друга структура.
• За да го намалите ризикот од повреда, поставете ја хранилката подалеку од мебел, ѕидови, топли површини и течности, завеси и
електрични кабли. Поставете ја хранилката подалеку од мебелот кога не се користи на маса со изваден послужавник.
• Секогаш користете го производот на рамни и хоризонтални површини. Не го подигнувајте го производот ставајќи го на која било структура
или маса.
• Избегнувајте повреда од штипнување. Рацете и нозете на детето де не бидат на потпирачот за раце кога го прицврстувате послужавникот.
• Држете ги децата подалеку од производот кога се склопува и расклопува за да избегнете повреда.
• Хранилката треба да се користи само кога детето ќе може сигурно и постојано да седи исправено.
• Опасност од паѓање: спречете го вашето дете да се качи на производот.
114
• Не користете го производот доколку сите компоненти не се правилно наместени и приспособени.
• Внимавајте на ризикот од отворен оган и други извори на силна топлина, како што се пожари од електрични греалки, пожари од плин итн.,
во близина на производот.
• Не користете го производот ако некој дел е скршен, искинат или недостасува, додека не се поправи или замени. Контактирајте со
Ergobaby за резервни делови.
• Не користете дополнителна опрема, ремени или резервни делови освен оние одобрени од Ergobaby.
• Овој производ не е играчка. Не дозволувајте децата да си играат со производот или да го користат во положба што не се препорачува.
Столче
ВАЖНО: Столот е наменет за возрасни и деца над 3 години кои можат сами да влезат и излезат од производот. Не е погодно
за деца помали од 3 години.
Максимална тежина: 100 кг
• Столчето може да се преклопи или да се сруши доколку бравата не е целосно блокирана.
• Целосно расклопете го столчето и целосно блокирајте ги бравите пред да му дозволите на детето да седне на столчето.
• НИКОГАШ не дозволувајте детето да го склопува или расклопува столчето.
• НЕ ставајте го овој производ во близина на прозорец бидејќи детето може да го искористи како степеник и да предизвика паѓање на
детето од прозорецот.
• Внимавајте на ризикот од отворен оган и други извори на силна топлина, како што се пожари од електрични греалки, пожари од
плин итн., во близина на производот.
• НЕ ставајте го овој производ во близина на прозорец каде што жиците од ролетните или завесите може да го задават детето.
• Не користете го производот ако некој дел е скршен, искинат или недостасува, додека не се поправи или замени. Контактирајте со
Ergobaby за резервни делови.
• Не користете дополнителна опрема или резервни делови освен оние одобрени од Ergobaby.
Чистење, нега и одржување
Тврди делови: Бришете го со чиста влажна крпа. Користете сува крпа за да ја отстраните дополнителната вода или влага. Дополнително исушете ги дрвените
површини што е можно повеќе по чистењето. Не препорачуваме користење детергенти или хемикалии за чистење на производот.
Ремени: Само површинско чистење. Сушете со воздух. Не користете избелувачи.
Уметак за послужавник: Отстранете го од послужавникот. Рачно измијте го со блага сапуница или ставете го во горната решетка од машината за миење садови.
Послужавник: Рачно измијте го со блага сапуница.
Одржување: Редовно проверувајте го производот и проверувајте дали сите делови се затегнати и безбедно прицврстени.
Складирање: Кога не се користи, чувајте го надвор од директна сончева светлина бидејќи бојата може да избледи или да се предизвикаат дефекти.
MK
115
loading