106 | Македонски
Справување со грешки
Батеријата не се полни
Батеријата не се полни; црвениот приказ (1) трепка и зелениот приказ за
состојба на наполнетост (2) свети постојано.
Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка
Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Повлечете го струјниот
приклучок и повторно вметнете го. Доколку повторно се појави грешката, полначот
оставете го на проверка во овластена сервисна служба за Bosch -електрични алати.
Приказите не светат
Не свети приказ, батеријата не се полни.
Причина: Приклучницата, струјниот кабел или полначот се дефектни
Помош: Проверете го мрежниот напон. Доколку е потребно, проверете го полначот
кај овластен сервис.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или
специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања
за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-
цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
1 609 92A 80K | (12.08.2022)
Bosch Power Tools