Ferm AGM1116P Traducción Del Manual Original página 169

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
алат стануваат „живи" и ќе предизвикаат
струен удар кај ракувачот.
k) Кабелот да е подалеку од вртливиот
прибор. Ако ја изгубите контролата врз
алатот, можете да го пресечете или да го
зафатите кабелот и рацете да ви бидат
зафатени од вртливиот прибор.
l) Алатот да не го одложувате додека
приборот не престане да се врти.
Вртливиот прибор може да дојде во контакт
со површината на која се одложува и ќе се
изгуби контрола врз алатот.
m) Алатот не смее да работи кога се
пренесува. Со случаен допир со приборот
ќе ви се зафати облеката и ќе се повредите.
n) Редовно чистете ги отворите за
вентилација. Вентилаторот вовлекува
прашина и при големи наслаги на метална
прашина може да дојде до куса врска.
o) Не работете со алатот во близина на
запаливи материјали. Искрите можат да ги
запалат овие материјали.
p) Не користете прибор за кој треба разладно
средство. Користење на вода или разладно
средство ќе предизвика струен удар.
Причини за повратен удар и
предупредувања
Повратен удар е моментна реакција на
заклинета ротирачка брусна плоча, подложно
перниче, четката или друг прибор. При
заклинување доаѓа до брзо сопирање
на ротирачкиот прибор и на тој начин
електричниот алат се задвижува во спротивна
насока од ротирањето, во точката на допирот.
На пример, ако брусниот диск се заклини во
работно парче, работ од дискот кој навлегол
во точката на заклинувањето може да ја копа
површината од материјалот што предизвикува
дискот да се качи или да отскокне. Тој може да
отскокне кон или од ракувачот, во зависност
од насоката на движењето во точката на
заклинувањето. Дискот може да се скрши во
оваа состојба. Повратниот удар е резултат на
погрешно ракување со електричниот алат и/
или при неправилна работна постапка или
состојба, а може да се избегне со придржување
кон подолу опишаните мерки.
a) Цврсто држете ја рачката од алатот и
телото и рацете да ви бидат во положба
да го одбијат повратниот удар. Секогаш
користите ја дополнителната рачка, ако
ја има, за максимална контрола при
повратен удар или торзиона реакција за
време на стартувањето.Ракувачот може
да го контролира повратниот удар ако се
превземни соодветни мерки.
b) Не ги поставувајте рацете во близина на
ротирачкиот прибор. Приборот може да
отскокне во вашите раце.
c) Не стоите во областа во која алатот би
отскокнал при повратен удар. Повратниот
удар го турка алатот во насока обратна
од движењето на дискот во точката на
заклинувањето.
d) Бидете внимателни кога работите
ќошиња, остри рабови итн. Избегнувајте
скокање и заклинување на опремата.
Ќошињата и острите рабови имаат
тенденција да го заклинат вртливиот прибор
и да предизвикаат повратен удар.
e) Не поставувајте верижни листови или
назабени листови за пила. Тие создаваат
чести повратни удари и губење на контрола.
Предупредувања за безбедност
карактеристични за брусење и
отсекување:
a) Користете ги дисковите кои се
препорачуваат за вашиот електричен
алат и посебно конструираните браници
за избраните дискови.Дискови кои не
се наменети за овој алат нема да можат
адекватно да се заштитат со браник и се
небезбедни.
b) Брусната површина на дисковите
со пресован центар мора да биде
монтирана испод рамнината на
браникот. Неправилно монтиран диск, кој ја
надминува рамнината на браникот, неможе
да биде соодветно заштитен.
c) Браникот мора да биде сигурно поврзан и
безбедно поставен на електричниот алат,
така најмалиот дел од дискот да биде
изложен кон ракувачот. Браникот помага во
заштита на ракувачот од скршени делови од
дискот, случаен контакт со дискот и од искри
кои можат да ја запалат облеката
d) Дискот да се применува само за
соодветна работа. На пример: не брусете
со страната од дискот.Дисковите за
169
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Agm1118p

Tabla de contenido