SKIL MASTERS 5885 Manual Original página 144

Ocultar thumbs Ver también para 5885:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 45
- не користете сила при ракување со апаратот;
применувајте лесен и непрекинат притисок
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- по завршувањето на сечењето, исклучете го
алатот со пуштање на орозот V
! пред да го подигнете електричниот алат од
местото каде се работи, проверете дали е
дојдено до целосен прекин на работата на
сечилото
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Добрата страна на обработката секогаш вртете ја
надолу, за да обезбедите минимално кршење на
материјалот
• Користете само остри сечила, од соодветен вид 0
- квалитетот на сечењето се подобрува со бројот на
запците
- сечилата со карбиден врв остануваат остри 30
пати подолго од обичните сечила
• Кога користите шина за наведување (дополнителна
опрема на SKIL 2610Z04064), длабочината на
пресекот може да се намали до 9 мм за пресеците
под 90°, како и за оние под 45°
• Странична ограда W !
- за правење на точни засеци низ работ на
материјалот кој се обработува
- може да се вметне на било која страна на нивото
Подесување на страничната ограда
- пуштете го копчето X
- подесете ја саканата широчина за сечење со
помош на салата на страничната ограда
(употребувајте визир за линија за сечење Q како
нулта положба)
- прицврстете го копчето X
• Длабинско сечење @
- подесете ја саканата длабочина за сечење
- навалете го алатот правилно со визирот за
линијата за сечење Q паралелно со саканата
линија за сечење означена на работниот предмет
- отворете го долниот заштитен механизам F со
помош на рачката G
- непосредно пред сечилото да го допре
материјалот кој се обработува, вклучете го
електричниот алат и постепено спуштајте го
задниот крај на алатот, со користење на предниот
крај на нивото како показател
- постепено движете го алатот надолу и напред
- штом сечилото ќе допре во материјалот, пуштете
ја рачката G
! алатот треба да работи со полна брзина пред
сечивото да навлезе во парчето за работа
! никогаш не туркајте го алатот кон назад
• Сечење на големи плочи #
- поставете ја плочата близу сечењето на под, маса
или работна маса
! подесете ја длабочината на сечењето така што
ќе сечете низ плочата, а не низ потпората
- во случај страничната ограда да не ја овозможува
саканата широчина за сечење, со спрега или со
клинец закачете дрвен дел на местото каде се
работи, како водилка, и користете ја десната
страна на нивото со оваа водилка
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Секогаш одржувајте ја областа околу долниот
штитник F 3 чиста (отстранете ги прашината и
деланките со раздувување со компримиран воздух
или со четка)
• Сечилото на пилата исчистете го непосредно по
користењето (особено од смола и лепак)
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skilmasters.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот $ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
27.01.2014
144
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido