206 | Македонски
потребно, носете лична заштита,
на пример заштитни наочари.
Автомобилските гуми и нивните
u
вентили се чистат на оддалеченост
од најмалку 30 цм. Во спротивно
високиот притисок на млазот може
да ги оштети. Прв знак на
оштетување на гума е промена на
бојата. Оштетените автомобилски
гуми и нивните вентили се опасни
по живот.
Не прскајте азбестни и други
u
материјали коишто се штетни по
здравјето.
Не користете нерастворени
u
детергенти. Ваквите производи се
безбедни ако не содржат
киселини, алкали или материи
опасни по животната средина.
Препорачуваме средствата за
чистење да ги држите вон дофат на
деца. При контакт на детергентот
со очите, обилно исплакнете со
вода и веднаш обратете се кај
лекар.
Никогаш не користете го уредот
u
без филтер или со оштетен или
валкан филтер. Користењето на
уредот без филтер, или со оштетен
или валкан филтер, може да ја
поништи гаранцијата.
После долга употреба, металните
u
делови можат да се вџештат. По
потреба носете заштитни
ракавици.
Избегнувајте перење со вода под
u
висок притисок при лоши
F 016 L81 291 | (13.07.2018)
временски услови, на пример кога
постои ризик од грмотевици.
Ракување
Ракувачот мора да ракува со
u
уредот во склад со прописите. При
ракувањето со уредот мора да ги
земе пред вид конкретните услови.
При работата мора да внимава на
другите личности, а посебно на
децата.
Уредот може да го употребуваат
u
само личности коишто се обучени
за работа со уредот и коишто
можат да приложат потврда за тоа.
Уредот не смеат да го употребуваат
деца и млади.
Не дозволувајте им на деца,
u
личности со ограничени физички,
сензорни или психички
ограничувања и/или недостаток на
знаење или на личности
незапознаени со ова упатство да го
употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
Децата треба да бидат под надзор
u
да не си играат со уредот.
Вклучениот уред никогаш не треба
u
да биде оставен без надзор.
Високопритисниот млаз вода
u
којшто излегува од пиштолот
предизвикува отфрлање на раката.
Затоа пиштолот и копјето за
прскање треба да се држат цврсто
со двете раце.
Bosch Power Tools