ј) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите.
Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со
приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето тело.
к) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето,
а големо насобирање на метална прашина може да предизвика
електрични опасности.
л) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали
што горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри.
љ) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни средства
за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на
заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење,
подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или
блокирањето доведува до неодложно стопирање на ротирачкиот
прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрзува во
спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во
материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до излегување
на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај дискот
за брусење се движи или кон операторот или настрана од него,
зависно од насоката на вртење на дискот во точката на спојување.
Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна
употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни
мерки на претпазливост, како што се опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и
вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на
силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната
рачка, доколку постои, за да можете да имате максимална можна
контрола над силите од повратниот удар или на моментите на
реакција при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор
што се врти. Во случај на повратен удар, приборот може да биде
исфрлен врз вашата рака.
в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-алатот
се движи во случај на повратен удар. Повратниот удар го води
електро-алатот во спротивна насока од насоката на движење на дискот
за брусење на местото за спојување.
г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн.
Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува
во материјалот за обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на
одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување. Тоа
предизвикува губење на контролата или повратен удар.
д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за сечење.
Таквиот прибор честопати предизвикува повратен удар или губење на
контролата над електро-алатот.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и шлајфување
со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што се
одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната капа што е
предвидена за таквите алати за брусење. Алати за брусење, коишто
не се предвидени за електро-алатот, не можат да бидат доволно
заштитени и се несигурни.
б) Секогаш употребувајте ја заштитната капа што е предвидена за
употребуваниот тип на алат за брусење. Заштитната капа мора да
биде сигурно поставена на електро-алатот и да биде така
нагодена, што ќе се постигне максимално ниво на безбедност, тоа
значи најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон
операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот од
парчиња и од случаен контакт со телото за брусење.
в) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш не
брусење со страничната површина од диск за делење. Дисковите
за делење се наменети за отстранување на материјал со работ на
58
МАКЕДОНСКИ
дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за брусење може да
ги скрши истите.
г) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте ги
одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна големина и
форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот за брусење и
на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дискот за
брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се разликуваат од
фланшите за други дискови за брусење.
д) Не употребувајте искористени дискови за брусење од поголеми
електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми електро-алати не
се погодни за повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-
алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со делење:
а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или премногу
висок контактен притисок. Не изведувајте претерано длабоки
засеци. Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува
неговиот напор и чувствителноста за извртување или блокирање, а со
тоа и на можноста за повратен удар или за кршење на телото за
брусење.
б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за делење.
Доколку дискот за делење го движите во материјалот за обработка во
насока подалеку од себе, во случај на повратен удар електро-алатот со
дискот што се врти, може да се насочи директно кон вас.
в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете со
работа, исклучете го електро-алатот и држете го мирно сè додека
дискот не постигне состојба на мирување. Никогаш не обидувајте
се, да го извлечете дискот од засекот додека се врти, во спротивно
може да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека истиот се
наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го
достигне целиот број на вртежи, пред внимателно да го
продолжите сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да
отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен
удар.
д) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка, за
да го намалите ризикот од повратен удар како резултат на
заглавен диск за делење. Големи материјали за обработка може да
свијат како последица на својата тежина. Материјалот за обработка
мора да биде потпран на двете страни и тоа како во близина на
засекот за делење така и на работ.
ѓ) Бидете особено внимателни при сечење џебови кај ѕидови или
во други непрегледни области. Дискот што навлегува може да
предизвика повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи,
понатаму во електрични водови или други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за
шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за мазнење.
Следете ги податоците на производителот по однос на големината
на листот за мазнење. Листови за шмирглање што зјаат надвор од
подлогата за мазнење, можат да предизвикаат повреди како и
блокирање, кинење на листовите или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата со четките
со жица:
a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на
вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок на допир.
Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да навлезат низ тенка
облека и/или во кожата.
б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да дојде до
можност за допир помеѓу заштитната капа и четката со жица. Кај
четките со подножје и за четкање може да дојде до зголемување на
нивниот дијаметар како резултат на притисокот при допир и на
центрифугалните сили.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при
вклучена машина.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Секогаш користете заштитен шлем при грубо стругање или
одвојување.
Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности
веднаш исклучете ја машината со цел да ја најдете причината за нив.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови согласно
препораките на производителот.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се
луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи
матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење). Не
користете издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или честичките од
камена прашина кои летаат од обработуваното парче да не дојдат во
контакт со вас.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне со
работа со машината.
Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку не е доволно
тешко за да биде стабилно. Никогаш не го насочувајте работното
парче кон глодачкиот диск со рака.
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало за
дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно долга за да
ја прифати должината на вретеното.
За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од програмата
за прибор.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со
што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем Milwaukee 28 V за полнење на батерии
од Milwaukee 28 V систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте
се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Осигурете се дека алатот за глодање е инсталиран соодветно
препораките на производителот.
Димензијата на глодачкиот алат мора да биде соодветен на
глодалката.
При прашливи зафати, вентилациските отвори на машината мора да
бидат сочувани отворени, исклучете го напојувањето на машината и
исчистете ја правта. За ова користете неметални предмети, при тоа
внимавајќи да не се оштетат внатрешните делови.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Полирката може да биде употребена за полирање лакирани,
заштитени, пластични и други мазни површини.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ е во
сообразност со следните стандарди и стандардизирани документи. EN
60745, EN 55014-1, EN 55014-2, и е во согласност со прописите
2006/42/EC, 2004/108/EC
Winnenden, 2010-08-23
Rainer Kumpf
Manager Product Development
Ополномоштен за составување на техничката документација.
БАТЕРИИ
ве молиме да ги прочитате инструкциите за користење на
напојувачките батерии наведени во упатството за користење на
полначот
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5
циклуса на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани
комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите
за вентилација-ризик од куршлус!
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве
молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на
машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и
да е зафат врз машината.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а
достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно со другиот
домашен отпад! Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска опрема и се
применува согласно националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
59