При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено
или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително
загадување може да се насобере одвнатре на аголната
глодалка. Од безбедносни причини, во вакви услови,
внатрешноста мора да биде комплетно исчистена од метални
остатоци а прекинувачот на колото на моторот мора да биде
сериски поврзан. Доколку прекинувачот на колото на моторот
ја расипе машината мора да биде пратена.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.Користете исклучиво Систем M18 за полнење на
батерии од M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
Mak
D
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка се употребува за делење и брусење
согребење (грубо гребење) на голем број материјали како
например на метал или камен, како и за мазнење на подлогиза
мазнење на пластика и за работа со четка со челичнажица. Во
секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на
приборот.
За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од
програмата за прибор.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите
на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
РАБОТНИ УПАТСТВА
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало
за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно
долга за да ја прифати должината на вретеното.
Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат секогаш
према податоците на производителот.
Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се работи
со заштитна капа.
На косо сечени листови за стружење мора да бидат монтирани
на тој начин што нивната површина за стружење нема да
излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат
цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина.
Работните предмети никогаш да не се водат рачно према
плочата.
Пред пуштањето во погон на машината навртката со
прирабница треба да биде цврсто затегната.
Ако вметнатиот алат не е зацврстен со навртка со прирабница
постои можност вметнатиот алат при закочување да ја изгуби
потребната сила на затегнување.
При прекинато напојување со електрична енергија и вклучена
машина функцијата за сопирање не е можна.
Македонски
Deutsch
146
ЕЛЕКТРОНИКА
Вградената електроника ќе обезбеди константна брзина дури и
при зголемено оптоварување.
При преоптоварување бројот на вртежи се намалува до
состојба на мирување.
Апаратот располага со една заштитна функција за Overload
и Anti Kickback и во случај на соодветно преоптоварување
застанува со работа.
Ве молиме обратете внимание дека машината во случај на
престанок на преоптоварувањето повторно самостојно се
враќа на претходниот број на работни вртежи.
После постигнувањето на бројот на работни вртежи апаратот
повторно е подготвен за употреба.
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Нуланапонската исклопка го спречува повторното стартување
на машината после прекин на струја.
Во случај на повторно започнување со работа, исклучете ја
машината и потоа вклучете ја повторно.
МАЗЕН СТАРТ
Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење
кој штити од почетното нагло задвижување на машината.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место.; Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост.; Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој). Метални парчиња не смеат да навлезат во делот
за полнење на батерија (ризик од краток спој).
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.