Bosch Professional GSC 18V-16 Manual Original página 132

Ocultar thumbs Ver también para Professional GSC 18V-16:
Tabla de contenido
132 | Македонски
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави I.
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Носете заштитни ракавици при работата.
u
Внимавајте исечените делови од лимот да не ги
свиткате во правец на телото или струјниот кабел.
На исечените лимови се создаваат остри рабови, на
кои може да се повредите или да го оштетите струјниот
кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите
делови од лимот настрана од телото со заштитни
ракавици.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува.
80–90°
Држете го електричниот алат навален под агол од 80° до
90° кон површината на лимот и не го навалувајте на
страна.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
При сечење на криви линии особено внимавајте да не го
навалувате електричниот апарат на страна и работете со
мал притисок.
Максимална дебелина на лимот за сечење
Максималната дебелина на лимот за сечење d
од цврстината на материјалот кој се сече.
Со електричниот апарат може да се исечат лимови со
следната дебелина:
Материјал
макс. цврстина
(N/mm
Челик
400
1 609 92A 50C | (08.07.2019)
зависи
max
d
max
2
)
(mm)
1,6
Материјал
макс. цврстина
(N/mm
600
800
Алуминиум
200
Поставување на растојанието меѓу ножевите a
Растојанието меѓу ножевите a
(воздушен процеп помеѓу сечилата)
зависи од дебелината на лимот којшто
се обработува d
Растојанието меѓу ножевите a треба да изнесува 10 % од
максималната дебелина на лимот (на пр. 0,1 mm
растојание меѓу ножевите при 1 mm дебелина на лимот).
Кај помеките и пожилави материјали мора да се намали
растојанието меѓу ножевите a а кај цврстите или кршливи
материјали мора да се зголеми.
Олабавете ја завртката за прицврстување (10) на
долниот нож. Со завртката за подесување (9) поставете
го потребното растојание меѓу ножевите a. Горниот
нож (7) и долниот нож (8) не смеат да се допираат.
Проверете го растојанието со комерцијално мерило за
подесување. Повторно затегнете ја завртката за
прицврстување (10) на долниот нож со затезен вртежен
момент од 3–4 Nm.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата бројот на одови ќе се намали
или електричниот апарат ќе се исклучи. При намален број
на одови, електричниот апарат повторно работи со полн
број на вртежи, дури по постигнувањето на дозволената
температура на батеријата. При автоматско исклучување,
исклучете го електричниот алат, оставете ја батеријата да
се олади и повторно вклучете го.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
d
max
2
)
(mm)
1,2
0,7
2,2
.
max
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido