11.2. Енергетска ефикасност
•
Машината за сушење треба да
работи со полн капацитет, но гледајте
да не ја преоптоварите.
•
Брзината на центрифуга треба да е
на највисоко можно ниво додека се
пере облеката. Така ќе го намалите
времето на сушење и ќе ја намалите
потрошувачката на енергија.
•
Гледајте да сушите исти видови
облека заедно.
•
Следете ги препораките во
прирачникот за корисници во однос
на рачното избирање програма.
•
Оставете доволно простор од сите
страни на машината за сушење,
за да се добие циркулација на
воздухот. Не покривајте ги отворите
за проветрување на предниот дел од
машината.
•
Освен ако е потребно, не отворајте
ја вратичката за ставање облека
во машината додека таа суши. Ако
треба да ја отворите, не држете ја
отворена подолго време.
•
Не ставајте нова (влажна) облека
додека веќе сушите друга.
•
Влакненцата се откачуваат од
облеката и се соединуваат во
воздухот, при што ги фаќа „филтерот
за влакненца". Гледајте филтрите да
се исчистени пред секоја употреба.
•
Кај моделите со кондензатор,
гледајте кондензаторот да е чист
барем еднаш месечно или по секои
30 користења.
•
За време на сушењето, просторијата
во којашто машината е поставена
мора да биде добро проветрувана.
МК - 28