5.2.2. Стартување на програма
Ќе засвети ЛЕД светилката за старт/пауза додека се избира програма. За да ја
стартувате избраната програма, притиснете го копчето за старт. ЛЕД светилката за
старт/пауза укажува дека е започната програмата и дека ќе се вклучи ЛЕД светилката
за сушењето.
Програма
Екстра сува памучна
облека
Сушење памучна облека
подготвена за плакар
Сушење памучна облека
подготвена за пеглање
Сушење синтетичка облека
подготвена за плакар
Сушење синтетичка облека
подготвена за пеглање
Деликатна облека
Мешана
Бебешка облека
Џинс
Временски програми
Освежување
Експресно за 29'
Кошули за 12'
ВАЖНО: Не отворајте ја вратата за ставање облека додека е програма во тек.
Ако треба да ја отворите, не држете ја отворена подолго време.
Со оваа програма се сушат дебели и повеќеслојни ткаенини, како што се
памучни крпи, чаршави за кревети, навлаки за перници и пењоари на висока
температура за да можете веднаш да ги ставите во плакар.
Со оваа програма се сушат памучни пижами, долна облека, чаршави за маси
итн. за да можете веднаш да ги ставите во плакар.
Со оваа програма се суши памучната облека за да биде подготвена за
пеглање. Облеката што е отстранета од машината ќе биде влажна.
Со оваа програма се суши синтетичка облека како кошули, мајци и блузи
на пониска температура во споредба со програмата за памук, за да можете
веднаш да ги ставите во плакар.
Со оваа програма се суши синтетичка облека како кошули, маици и блузи на
пониска температура во споредба со програмата за памук, за да можете да
ги подготвите за ставање во плакар. Облеката што е отстранета од машината
ќе биде влажна.
Со оваа програма се суши тенка облека како кошули, блузи и свилена облека
на пониска температура за да биде подготвена за носење.
Со оваа програма се суши облека со мешавина од памук и синтетика,
којашто не испушта боја за да биде подготвена за носење.
Со оваа програма се суши деликатна бебешка облека на пониска
температура за да биде подготвена за носење.
Со оваа програма се суши облека од џинс.
За да го достигнете потребното ниво на сушење на пониска температура,
можете да употребувате временски програми во траење од 10, 30 и 60
минути. Без разлика колку е облеката исушена, програмата ќе сопре по
истекот на времето.
Со оваа програма, облеката се проветрува 10 минути без да се употребува
топлина, за да добие одредена свежина.
2 килограми памучни кошули на центрифуга со висока брзина во машината
за перење се сушат за 29 минути.
2 до 3 кошули се подготвени за пеглање за 12 минути.
МК - 18
Опис