За употреба во Европа:
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности
или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или
добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин
и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не
смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не
смеат да го прават деца без надзор.
МОНТАЖА
•Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица,
коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
•Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и
дали пинот за заземјување на кабелот за струја е оштетен
или изваден од приклучокот за струја. За повеќе детали околу
заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за
клиенти на LG Electronics.
•Овој апарат мора да биде опремен со кабел за струја, којшто
има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување.
Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто
е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните
законски регулативи и уредби.
•Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во
отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со
овластен центар за сервис.
•Не приклучувајте го апаратот во приклучок со повеќе штекери
или во продолжен кабел.
•Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја.
•Избегнувајте користење на какви било продолжени кабли или
двојни адаптери. Апаратот треба да биде поврзан со посебна
линија за струја, за којашто има засебен осигурувач.
•Монтирајте го апаратот на место од каде што лесно може да се
исклучи приклучокот за струја на апаратот.
•Приклучокот за струја не смее да биде вклучен со кабелот
свртен нагоре и не дозволувајте апаратот да се потпира на
приклучокот.
4
МК