OBJ_BUCH-2280-001.book Page 171 Wednesday, July 30, 2014 11:29 AM
Не користете ја машината кога во
непосредна близина има
животни, луѓе, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Додека ја користите машината, во
круг од најмалку 3 метри не треба
да има луѓе и животни. Ракувачот
на машината е одговорен за
безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
Користете ја машината само по
дневна светлина или под добро
осветлување.
Не употребувајте ја машината ако
сте уморни, болни или под
влијание на алкохол, лекови или
дрога.
Не работете со машината по лоши
временски успови, особено при
грмотевици.
При употребата на овој уред
секогаш носете облека од крут
материјал на горниот дел од
делото и рацете.
Не користете ја косачката боси
или со отворени сандали. Носете
крути обувки и долги пантолони.
Ако носите лабава облека,
внимавајте таа да не се вовлече во
отворот за воздух, бидејќи тоа
може да предизвика повреда.
Уредот користете го само со
монтиран распрснувач или
вшмукувач.
Доколку имате долга коса,
внимавајте таа да не се вовлече во
отворот за воздух, бидејќи тоа
може да предизвика повреда.
Bosch Power Tools
Пред работа внимателно
прегледајте го просторот и
отстранете ги сите суштества и
предмети.
Проверете го напојниот/
продолжниот кабел и заменете го
доколку има оштетувања.
Заштитете го напојниот/
продолжниот кабел од топлина,
масла и остри рабови.
Кабелот секогаш држете го зад
уредот и понастрана од него.
Уредот употребувајте го само во
предвидената положба. Уредот не
е погоден ако се користи свртен
наопаку во модусот за смукање.
Никогаш не користете ја
дувалката/смукалката со
неисправни осигурачи, штитници
и без заштитна опрема.
Пред работа со дувалката/
смукалката проверете да се
монтирани сите рачки и штитници.
Никогаш не користете ја
дувалката/смукалката ако не е
целосно монтирана или ако на неа
се извршени неовластени
преправки.
При употребата на дувалката/
смукалката секогаш стојте
стабилно и на цврста подлога.
Бидете свесни за Вашата околина
и за можните опасности што не
можете да ги слушнете додека
дувалката/смукалката работи.
Избегнувајте неправилно држење
на телото и секогаш одржувајте
стабилна равнотежа.
На коси површини чекорете
внимателно и стабилно.
Македонски | 171
F 016 L81 152 | (30.7.14)