OBJ_BUCH-2926-002.book Page 154 Tuesday, May 9, 2017 1:22 PM
154 | Македонски
Менување на брусните листови
(види слики B–C)
За вадење на брусниот лист 10 подигнете го странично и
извлечете го од брусниот диск 6.
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск 6, на пр. со
четкичка.
Горната површина на брусниот диск 6 е опремена со
велкро лепенка, така што брусните листови со велкро
може брзо и едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го брусниот лист 10 на долната страна
на брусниот диск 6.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусниот диск.
За точно подесување на брусниот лист 10 на брусниот
диск 6 може да ја користите помошта за подесување 11.
Поставете го брусниот лист со велкро лепенката нагоре на
помошта за подесување. Притиснете ги запците на
помошта за подесување во двата отвори на брусниот диск
и одмотајте го брусниот лист од помошта за подесување.
Добро притиснете го брусниот лист.
Напомена: Предуслов за намалени вибрации на
електричниот алат при работата е точно позициониран
брусен лист.
Избор на диск за брусење
Во зависност од употребата, електричниот апарат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Средно меки брусни дискови (црни): соодветни за сите
брусни работи, се поставуваат универзално.
– Меки брусни дискови (сиви, опрема): соодветни за
меѓубрусење и фино брусење, и на заоблени
површини.
Менување на брусните дискови
(види слики D–E)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови 6.
Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање.
Целосно отшрафете ги четирите шрафа 12 и извадете го
брусниот диск 6.
Исчистете ја горната страна на новиот брусен диск 6.
Намастете го сиво шрафираниот надворешен прстен
прикажан на сликата со тенок слој на синтетичка маст.
Ставете го новиот диск за брусење 6 и повторно затегнете
ги четирите шрафа.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск 13 смее да
се замени само од овластена сервисна служба за Bosch-
електрични апарати.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
1 609 92A 2LK | (9.5.17)
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види ги сликите F – I)
Ставете ја кутијата за прав 5 на млазниците за издувување
14, додека не се вклопи.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав 5 може лесно да
се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав 5 извлечете ја надолу
вртејќи.
Пред да ја отворите кутијата за прав 5, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.
Фатете ја цврсто кутијата за прав 5, преклопете го
филтерот 15 нагоре и испразнете ја кутијата за прав.
Исчистете ги ламелите на филтерот 15 со мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално вшмукување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав 5 и редовно
чистете го филтерот 15.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот апарат така што кутијата за прав 5 ќе
покажува надолу.
Надворешно вшмукување (види слика J)
Ставете црево за вшмукување 16 со адаптер за
вшмукување 19 на млазниците за издувување 14.
Поврзете го цревото за вшмукување 16 и адаптерот за
вшмукување 19 со вшмукувач за прав. Прегледот за
приклучување на различните видови на вшмукувачи за
прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот апарат така што цревото за вшмукување ќе
покажува надолу.
Bosch Power Tools