OBJ_BUCH-2432-003.book Page 176 Monday, December 7, 2015 9:50 AM
176 | Македонски
Носете заштитни очила во склад со
EN 166 како и заштита за слухот
кога го користите уредот.
Никогаш не користете го уредот без
штитниците, заштитните капаци и
покриви, или ако тие се оштетени.
Не употребувајте го уредот со
сечило во близина на напојната
мрежа/кабли.
Пред и по секоја употреба
проверете дали на уредот има
нанесено некаква штета.
Ако настане проблем,
консултирајте ја табелата со опис
на грешките.
Во случај на незгода, прво
исклучете го уредот од напојување,
пред да преземете други мерки.
Не употребувајте го уредот ако сте
болни или под влијание на алкохол,
дрога или лекови.
Употребата на косачката на коси
површини може да биде опасно.
– Не работете со уредот на премногу
стрмни падини.
– На коси површини или на влажна
трева обезбедете стабилен и
сигурен чекор.
– На падини секогаш работете
хоризонтално, никогаш горе-долу.
– Бидете особено внимателни кога ја
менувате насоката на косењето.
Рацете и нозете држете ги
понастрана од сечилото, особено
при вклучувањето на уредот.
Исклучете ја машината при
транспорт до/од местото на работа.
Згаснете ја машината и извадете го
кабелот од утикачот:
F 016 L81 230 | (7.12.15)
– секогаш кога го оставате уредот
без надзор,
– пред отстранување на блокада,
– ако кабелот е заглавен,
– пред замена на сечилото,
– пред прегледување, чистење и
поправка на машината,
– веднаш по удирање во тврд
предмет. Веднаш по оштетување
прегледајте ја машината и
извршете ги неопходните
поправки,
– ако косачката почне да вибрира
неконтролирано (проверете
веднаш).
Почекајте ротирачкиете елементи
потполно да застанат пред да ги
допрете. Сечилото ротира уште
неколку моменти после
исклучувањето на уредот и може да
предизвика повреда.
Не вршете никакви преправки на
косачката. Неовластените
модификации можат да доведат до
нарушување на безбедноста на
косачката, или да ја зголемат
бучавата или вибрациите.
Уредот чувајте го на безбедно, суво
место, вон дофат на деца. Не
редете други предмети на уредот.
Користете само Бош резервни
делови кои се препорачани и
одобрени за употреба со овој
уред. (види слика 14)
При подолга работа со уредот (или
со други машини) ракувачот е
изложен на влијанието на
вибрации, што може да доведе до
појава на болеста Бели прсти
(Рејноов феномен) или Синдром на
карпален тунел.
Bosch Power Tools