Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат
главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за
други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на
бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се
земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е
во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на
бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од
влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на
работата.
Монтажа
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на електричниот
u
алат, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или
тргање на електричниот алат настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
Полнење на батеријата (види слика C)
Користете го само приклучокот за мрежа кој е наведен во техничките
u
податоци. Само овој приклучок за мрежа е погоден за литиум-јонската батерија
што се користи за Вашиот електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните
целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа
додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали
нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell
Protection (ECP)". Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи
со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на
u
прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Bosch Power Tools
Македонски | 309
1 609 92A 4G8 | (05.12.2018)