OBJ_BUCH-2787-001.book Page 177 Monday, December 12, 2016 9:22 AM
Доколку не се употребува, отстранете го додатокот за ножици за
трева од одвртувачот.
Внимавајте на тоа, сечилото да е покриено со заштита за ножот
доколку не се употребува.
Проверете дали е оштетен штитникот на додатокот за ножици за
трева. Штитникот треба да го заштити лицето што ракува од скршени
парчиња и случаен контакт со сечилото.
Одржувајте го сечилото остро и чисто. Внимателно одржувано
сечило со остри рабови за сечење помалку се заглавува и со него
полесно се работи.
Не сечете дрво, камен, бетон или кабли. Сечилото отапува и може
да се заглави.
Секогаш носете заштитни очила, цврсти чевли и долги панталони,
ако работите со одвртувачот со додаток за ножици за трева.
Избегнувајте неправилно држење на телото и постојано држете
рамнотежа. Во секое време имајте рамнотежа, пред сѐ на
стрмнини или косини. Стабилната положба и соодветно држење на
телото овозможува подобро да го контролирате одвртувачот со
додаток за ножици за трева во неочекувани ситуации.
Не трчајте дури го користите или транспортирате додатокот за
ножици за трева. Постои опасност од повреди при лизгање или
паѓање.
Исклучете на прекинувачот за вклучување/исклучување,
поставете го прекинувачот за правец на вртење во средна
позиција и притиснете го прекинувачот за блокирање надолу:
– пред секоја работа на одвртувачот со додаток за ножици за трева
(на пр. промена на додатокот) како и при неговиот транспорт и
чување,
– секогаш кога се оддалечувате од одвртувачот со додаток за
ножици за трева,
– пред отстранувањето на пречки,
– ако го проверувате, чистите или работите на одвртувачот со
додаток за ножици за трева,
– по судир со страни тела. Проверете го одвртувачот со додаток за
ножици за трева од оштетувања и доколку е потребно оставете го
на поправка,
– ако одвртувачот со додаток за ножици за трева почне
невообичаено да вибрира. Веднаш проверете го одвртувачот со
додаток за ножици за трева.
Bosch Power Tools
Македонски | 177
1 609 92A 28R | (12.12.16)