УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
После приклучувањето на бојлерот на водоводната односно на другите извори на
греење, бојлерот е припремен за употреба.
Обично основен извор за греење на санитетската вода е парното греење или сончевата
енергија, при што регулацијата на греена воде е изведена во системот на греење.
Во резервоарот за топла вода може дополнително да се вгради електричен грејач, тип
R, со лежиште 180мм или електричен грејач, тип SH, на приклучниот отвор G 6/4 што
служи за дополнително затоплување на вода:
- ако Ви треба повисока температура на водата од онаа што се постигнува со другите
извори на греење,
- ако поради сезонски или други услови на располагање не стојат основните извори
за греење.
Доколку постои опасност од замрзнување на водата во бојлерот испуштете ја од него.
Потоа отворете ја рачката за топла вода на една од батериите која е приклучена на
бојлерот. Водата од бојлерот испуштете ја низ еден од, за тоа предвидените, испустни
вентили на доводната цевка.
Надворешноста на бојлерот чистите ја со благ раствор на прашок за перење. Не
употребувајте разредувачи и груби средства за чистење.
Со редовни сервиси ќе постигнете брезпрекорна работа и долг животен век на бојлерот.
Гаранцијата против рѓосување на котелот е важечка само доколку сте ги изведувале
пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот
помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолго од 36 месеци. Прегледите
мора да ги изведе поовластен сервисер, којшто секој преглед ќе ви го забележи во
гаранцискиот лист на производот. При прегледот се проверува истрошеноста на
противкорозиската заштита на анодата и по потреба се чисти водениот камен, којшто
се собира во внатрешноста на грелното тело, во зависност од квалитетот, количеството
и температурата на потрошената вода. Сервисната служба при прегледот ќе ви
препорача датум за повторна контрола, во зависност од затекнатата состојба.
Доколку настанат дефекти на грелното тело Ве молиме да не ги
поправате сами, туку да ја известите најблиската сервисна служба.