138 | Македонски
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Пред почетокот на работата повикајте го
u
одговорниот статичар, архитект или надлежните
градежни раководители за да се советувате за
планираното дупчење. Арматури смее да се сечете
само со одобрение на градежен статичар.
При дупчење во ѕид или под, неопходно е да
u
проверите дали во просторијата постојат препреки.
Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото
од дупчењето од паѓање со помош на облога.
Проверка на функцијата на заштитниот уред за
диференцијална струја (PRCD)
Пред секој почеток на работата проверете го правилното
функционирање на заштитниот прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) (18):
– Притиснете на копчето TEST на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Црвениот контролен приказ се гаси.
– Притиснете на копчето RESET. Сега електричниот алат
мора да се изгаси.
Доколку црвениот контролен приказ не се изгаси откако
ќе го притиснете копчето TEST, или постојано се гаси при
вклучување на електричниот алат, електричниот алат
мора да го оставите во сервисната служба на Bosch.
Доколку заштитниот прекинувач за
u
диференцијална струја (PRCD) е дефектен,
електричниот алат не смее да се користи.
Вклучување
Притиснете на копчето RESET на заштитниот прекинувач
за диференцијална струја (PRCD) (18).
Мокро дупчење: Поставете ја запорната славина за
вода (12) на проток.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете
го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување дополнително притиснете на
копчето за фиксирање (2).
Исклучување
Отпуштете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (1). При фиксиран прекинувач за
вклучување/исклучување, најпрво притиснете го и потоа
отпуштете го.
Мокро дупчење: Затворете ја запорната славина за
вода (12). По завршување на работата извадете го
приклучниот елемент за славината (13) од доводот за
вода. Отворете ја запорната славина за вода (12) и
испуштете ја преостанатата вода.
Ограничување на стартната струја
Електрониката на електричниот алат овозможува мек
старт на моторот и ја спречува превисоката стартна
струја.
1 609 92A 4SW | (03.04.2019)
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување притиснете на копчето RESET на
заштитниот прекинувач за диференцијална струја
(PRCD) (18). Прекинувачот за вклучување/
исклучување (1) ставете го во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Бирање на бројот на вртежи
Со прекинувачот за избор на брзина (11) може да
изберете две брзини на вртење.
Постојат препорачани брзини за следните дијаметри на
дупчење:
– 1. брзина: 80–180 mm
– 2. брзина: 25–60 mm
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При дупчење секогаш користете крст за центрирање
(опрема).
Дупчете во 1. брзина со помал број на вртежи, сè додека
крунестата бургија не почне да се врти во материјалот
без вибрации. Потоа, доколку е неопходно вклучете во
2. брзина.
Прилагодете го притисокот при дупчењето на
материјалот. Дупчете со рамномерен притисок.
Повремено повлечете ја бургијата од дупката, за да може
да се отстрани нечистотијата од дупчењето одн.правта од
дијамантските сегменти.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Заштита од преоптоварување
Доколку се надмине прагот на преоптоварување,
електричниот алат почнува да пулсира. Намалете го
притисокот, додека електричниот алат не се врати во
нормала.
Доколку притисокот на дупчење не се намали,
електричниот алат се исклучува. Потоа веднаш можете да
го вклучите електричниот алат, но ќе треба да работите со
помал притисок на дупчење.
Отстранување на јадрото од дупчењето
Мокро дупчење: По дупчењето оставете ја водата да тече,
за да ја исплакне нечистотијата помеѓу крунестата бургија
и јадрото од дупчењето.
Bosch Power Tools