Anleitung_BPH_2652_1_SPK7__ 26.06.13 09:37 Seite 39
вклучување/исклучување (сл. 3/ поз. 6) на „I".
5. Фиксирајте ја рачката за гас. За таа цел
притиснете ја блокадата на рачката за гас (сл.
3/поз. 13), а потоа притиснете ја рачката за гас
(сл. 3/поз. 14) и фиксирајте ја рачката за гас со
истовремено притискање на копчето за
фиксирање (сл. 3/поз. 7).
6. Држете го цврсто апаратот со десната рака на
предната рачка и со левата рака на сајлата за
стартување (сл. 5/поз. А) сé додека не наидете
на првиот отпор (околу 10 cm). Сега повлечете
ја четири пати брзо сајлата за стартување.
Апаратот би требало да стартува.
Внимание: Не дозволувајте сајлата за
стартување да излета наназад, додека се
собира. Тоа може да доведе до оштетувања.
7. Доколку моторот е стартуван, веднаш
поставете ја Choke-рачката на " " и
дозволете апаратот да се затопли околу 10
секунди.
Внимание: Преку фиксираната рачка за гас,
при вклучен мотор алатот за сечење
започнува да работи.
Потоа одглавете ја рачката со едноставно
притискање (моторот се враќа во состојба на
празен од).
8. Доколку моторот не се стартува, повторете ги
чекорите 6-7.
Почитувајте го следното: Доколку моторот не се
запали и по повеќе обиди, прочитајте го делот
„Отстранување проблеми на моторот".
Почитувајте го следното: Конецот од анласерот
постојано извлекувајте го право. Доколку конецот
се извлекува под агол, се создава триење на
јамката. Со ваквото триење конецот се трие и
побргу се искористува.
6.2 Стартување топол мотор (апаратот не бил
во мирување повеќе од 15-20 минути)
1. Поставете го апаратот на цврста, рамна
површина.
2. Поставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување на „I".
3. Фиксирајте ја рачката за гас (аналогно на
„Стартување ладен мотор").
4. Држете го цврсто апаратот со десната рака на
предната рачка и со левата рака на сајлата за
стартување, сé додека не наидете на првиот
отпор (околу 10 cm). Сега повлечете ја брзо
сајлата за стартување. По 1 - 2 влечења
апаратот би требало да се стартува. Доколку
машината сé уште не стартува по 6 влечења,
повторете ги чекорите 1 – 7 од „Стартување
ладен мотор".
6.3 Гаснење мотор
Редослед на чекори при исклучување во итни
случаи:
Доколку е потребно да ја сопрете машината
веднаш, поставете го прекинувачот за
вклучување / исклучување на „Stop" односно „0".
Нормален редослед на чекори:
Пуштете ја рачката за гас и почекајте, додека
моторот не премине во брзина на празен од.
Потоа поставете го прекинувачот за вклучување /
исклучување на „Stop" односно „0".
6.4 Работни упатства
Дозволете при стартување на или сечење со
машината таа да не работи со низок број вртежи.
Сечење за погуст раст: Најефективно движење
е широко, провлечено движење. На тој начин ги
движите ножевите од сечивото директно низ
гранките. Со лесен наклон на сечивото надолу, во
насока на движењето, се добива најдобриот
засек.
За да се постигне рамномерна висина на живата
ограда, се препорачува затегање на еден конец
долж работ на живата ограда заради ориентација.
Се сечат гранките што надраснуваат (сл. 6).
Странично засекување жива ограда:
Страничните површини на една жива ограда се
сечат со заоблени движења од долу нагоре (сл.
7).
Внимание: Зависно од градбата, кај подолги
странични работи со нецелосно наполнет
резервоар можно е, моторот да исклучи.
7. Чистење, одржување и нарачка на
резервни делови
Пред секаков вид активности за чистење
извадете го утикачот.
7.1 Чистење
Одржувајте ги заштитните уреди, воздушните
n
отвори и куќиштето на моторот што е можно
почисти од прашина и нечистотија. Избришете
го апаратот со чиста крпа или издувајте го со
воздух под притисок при низок притисок.
Ви препорачуваме да го чистите апаратот
n
директно по секоја употреба.
Чистете го апаратот редовно со влажна крпа и
n
малку сапун за подмачкување. Не
MK
39