Anleitung_BPH_2652_1_SPK7__ 26.06.13 09:37 Seite 37
Внимание!
При употребата на апарати мора да се почитуваат
неколку безбедносни мерки заради спречување
на повреди и штети. Затоа ве молиме внимателно
прочитајте ги ова Упатство за
употреба/Безбедносни упатства. Сочувајте ги
добро овие документи, за да ви стојат
информациите на располагање во секое време.
Доколку го предавате апаратот на други лица, ве
молиме дајте им го и ова Упатство за
употреба/Безбедносни упатства. Ние не
преземаме одговорност за незгоди или штети,
кои настанале како резултат на непочитување на
ова упатство и на безбедносните упатства.
1. Безбедносни упатства
Соодветните безбедносни упатства можете да ги
најдете во приложената книшка!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и на инструкциите може
да предизвика електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
Објаснување на табличката со упатства на
апаратот (види слика 20)
1. Предупредување!
2. Пред ставање во употреба прочитајте го
Упатството за употреба!
3. Да се заштити од дожд и влажност!
4. Да се носи заштита за очи и уши!
5. Да се носат заштитни ракавици!
6. Да се носат цврсти чевли!
7. Остри ножеви! Секогаш чувајте ги рацете и
нозете настрана од ножевите.
8. Оперирајте и стартувајте го апаратот само на
отворено и во добро проветрено
опкружување, за да ја намалите опасноста од
повреди од отровни гасови.
9. Експлозивен материјал.
10. Мошне жешка површина. Не допирајте жешко
грне на ауспух, куќиштето на погонот или
цилиндарот. Можете да се изгорите. Овие
делови стануваат мошне жешки при работа и
остануваат жешки долг период, исто така и
откако апаратот ќе се исклучи.
11. Одржувајте растојание од најмалку 15 m од
други лица.
2. Преглед на составот и обем на
испорака (сл. 1-2)
1. Сечиво
2. Заштитен капак на сечивото
3. Заштитен штит
4. Предна рачка
5. Choke-рачка
6. Прекинувач за вклучување/исклучување
7. Копче за фиксирање на рачката за гас
8. Рачка за аретирање за подвижната рачка
9. Пумпа за гориво (пример)
10. Капак на филтер за воздух
11. Стартер-дршка
12. Задна рачка
13. „Ослободување" на рачката за гас
14. Рачка за гас
15. Капак за уредот за звучна изолација
16. Резервоар за мешање на горивото
17. Утикач за свеќица
18. Клуч за свеќица
19. Вилушкаст клуч SW8/SW10
20. Сад за мешање на масло и бензин
21. Капак за меч
3. Употреба согласно намената
Внимание! Оваа ножица/сечалка е погодна за
сечење на жива ограда, џбунови и грмушки.
Овој апараат смее да се употребува само според
неговата намена. Секаква употреба надвор од тој
домен не соодветствува на намената. За штети и
повреди од секаков вид предизвикани од таквата
употреба одговара корисникот/операторот, а не
производителот.
MK
37