Milwaukee M18 ONEFHIWP12 Manual Original página 47

Tabla de contenido
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме
веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте
апаратот повторно додека употребуваното орудие е
блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар
со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја
причината за блокирањето на употребеното орудие
имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да
стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со
направа за напон. Необезбедени парчиња кои што се
обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и
оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на АЕГ ги собираат
старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на
батерии од M18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во
што малку како два часа, ако се проголта или влегува во
телото. Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го
користите уредот, отстранете ги батериите и чувајте го
подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се
влезени во телото, веднаш побарајте медицинска
помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Безжичниот моментен клуч моче да биде користен за
затегање или одвртување на навртки и шрафови секаде
каде не е достапно напојување.
92
МАКЕДОНСКИ
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
„Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHs), 2006/42/EC, 2014/53/EU, и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-2:2014
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN 62479:2010
EN 301 489-1V2.1.1(2017-02)
EN 301 489-17V3.1.1(2017-02)
EN 300 328V2.1.1(2016-11)
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-09-30
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ИЗБОР НА НАЧИН НА РАБОТА
При промената на начинот на работа да се почека
уредот комплетно да престане со работа. За да се
променат подесувањата, да се притисне копчето
се притисне WLAN-копчето
, за да се променат
претходно зачуваваните вредности преку ONE-KEY
апликацијата на Вашиот смартфон.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на
ONE-KEY на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го
упатството за брзо стартување или посетете на интернет
на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата
ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот смартфон
преку App Store или Google Play.
Кога уредот е нарушен од електростатско празнење,
тогаш LED индикаторот за промена на брзината се гасне
и брзината не може повеќе да се регулира. Во тој случај
извадете ја батеријата или копчестата батерија и
повторно ставете ја (види страна 6 и страна 15).
Дефектите предизвикани како последица електростатски
празнења водат кон прекин на bluetooth комуникацијата.
Во тој случај, контактот со bluetooth мора повторно да
биде воспоставен мануелно.
Резултатите од испитувањата ги исполнуваат нашите
минимални барања согласно EN 55014-2 / EN 301489-1 /
EN 30149-17.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување на дупчалката,
ненадејно запирање или краток спој, електро-уредот
бучи 2 секунди, а потоа самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и
вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може
да загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
. Да
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со
цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Упатствата за одржување ќе ги најдете во апликацијата
ONE-KEY.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Волти
Истосмерна струја
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
93

Hide quick links:

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

M18 onefhiwf12M18 onefhiwf34

Tabla de contenido