Ставање/Менување На Крунестата Бургија - Bosch GDB 180 WE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GDB 180 WE Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
OBJ_BUCH-2199-002.book Page 150 Monday, June 1, 2015 12:16 PM
150 | Македонски
Работење со сталак за дупчалка
 Неопходно е да внимавате на безбедносните и
работните напомени за сталакот за дупчалка!
За поудобно ракување може да го затегнете електричниот
апарат во сталакот за дијамантска дупчалка GCR 180.
Пред да го ставите електричниот апарат во сталакот за
дупчалка, мора да ја извадите дополнителната дршка 12.
Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка 16 во правец на стрелките на
часовникот и поместете ја дополнителната дршка преку
вретеното за дупчење 15 надолу.
Прочитајте го упатството за употреба за ставање на
електричниот апарат во сталакот за дупчалка.
Ставање/менување на крунестата бургија
 Работа со сталак за дупчалка: пред да почнете со
работа, во работните паузи, како и во периодот кога
не го употребувате електричниот апарат,
прицврстете го со затегање на кочницата за
фиксирање заради заштита од невнимателно
придвижување. Прочитајте го и следете го упатството
за употреба на сталакот за дупчалка.
Избирање на крунеста бургија
Крунестите бургии од Bosch се означени со боја:
Крунести бургии за мокро дупчење
Крунести бургии за суво дупчење
Ставање на крунестата бургија
 Пред да ги употребите, проверете ги круните за
дупчење. Користете само беспрекорни круни за
дупчење. Оштетените или деформираните круни за
дупчење може да доведат до опасни ситуации.
Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија.
Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или
испрскајте го со средство за заштита од корозија.
Завртете ја крунестата бургија 1 1/4"-UNC 14 на вретеното
за дупчење 15.
 Проверете дали е круните за дупчење се стабилно
поставени. Доколку круните за дупчење се погрешно
или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за
време на работењето и да предизвикаат опасност.
Вадење на крунестата бургија
 При менувањето на круната за дупчење носете
заштитни ракавици. При подолготрајна употреба,
круната за дупчење може да се вжешти.
Олабавете ја крунестата бургија 14 со вилушкаст клуч
(ширина на клучот 41 mm). Притоа, со втор вилушкаст
клуч ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на
вретеното за дупчење 15.
Приклучување на систем за ладење на
вода/вшмукување на прав
Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се
ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските
сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија може
да се блокира во дупката. Затоа, при мокро дупчење
овозможете доволно ладење на водата, а при суво
дупчење функционално вшмукување на прав.
1 609 92A 1A3 | (1.6.15)
При зголемување на постоечката дупка, таа мора
внимателно да се затвори, за да се овозможи
беспрекорно ладење на крунестата бургија.
 Приклучените црева, запорните вентили или опрема
не смеат да го попречуваат процесот на дупчење.
Приклучување на систем за ладење на вода
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода 7 на
канџестата спојка 11 и свртете го во правец на стрелките
на часовникот до крај.
Завртете ја запорната славина за вода 9. Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
славината 8. Приклучувањето на цевката за довод на вода
е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
Доколку електричниот апарат е поставен во сталак за
дупчалка, водата што излегува од дупката може да ја
соберете со прстен за собирање на вода и вшмукувач за
мокро/суво вшмукување (и двата ќе ги најдете како
опрема).
 При дупчење на плафон, мора да се собере водата
што излегува. Притоа ставете го електричниот апарат
во сталак за дупчалка и монтирајте прстен за собирање
на вода.
Прочитајте го упатството за користење за монтажа на
сина
прстенот за собирање на вода.
светлосива
Приклучување на вшмукувачот за прав
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Поставете го адаптерот за вшмукување 6 во канџестата
спојка 11 и прицврстете го во правец на стрелките на
часовникот.
Ставете го цревото за вшмукување 4 од вшмукувачот за
мокро/суво вшмукување коешто е прилагодено и пре-
порачано за овој систем (види „Додатна опрема/резервни
делови", страна 152) на млазниците за вшмукување 5.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido