174 | Македонски
Спојка за заштита од преоптоварување
За да се ограничат високите реакциски
моменти, електричниот алат е опремен со
спојка за заштита од преоптоварување
(анти-ротација).
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот алат и олабавете го
u
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (Kickback Control)
(GSB 24-2)
Брзото исклучување (Kickback Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без Kickback Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/ исклучување и одново
притиснете го двапати.
Ако функцијата Kickback Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи
(8) може да го изберете потребниот број на вртежи/
удари и за време на користењето на алатот.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди со
практична примена.
Електронско подесување на бројот на вртежи (GSB
21-2 RCT)
Со вртливото копче за електронско подесување на бројот
на вртежи (3) може да го изберете потребниот број на
вртежи/удари и за време на работата.
1 609 92A 580 | (30.03.2020)
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди со
практична примена.
Константна електроника (GSB 21-2 RCT)
Константната електроника ја одржува конзистентноста на
бројот на вртежи и удари помеѓу празниот од и работење
со оптоварување.
Електронско ограничување на вртежниот момент/
подесување на бројот на вртежи (Torque Control) (GSB
21-2 RCT)
За дупчење со подесување на бројот на
вртежи поставете го прекинувачот (4) на
ознаката „Дупчење". Со вртливото копче (3)
може да го изберете потребниот број на
вртежи и за време на работата.
За завртување со ограничување на
вртежниот момент поставете го
прекинувачот (4) на ознаката „Завртување".
Со вртливото копче (3) може бесстепено да
го изберете ефективниот вртежен момент на
вретеното за дупчење и за време на
работата:
I=низок вртежен момент, III=висок вртежен момент.
Максималниот број на вртежи автоматски ќе се
прилагоди на поставениот вртежен момент.
Доколку за време на процесот на завртување се постигне
претходно избраниот вртежен момент, електричниот алат
се исклучува, а алатот за вметнување не се врти повеќе.
Доколку потоа електричниот алат се отпушти и
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е сè уште
притиснат, алатот за вметнување продолжува да се врти
со мал број вртежи од безбедносни причини.
По кратко отпуштање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) следната завртка може да се затегне со
ист вртежен момент.
За завртување без ограничување на
вртежниот момент свртете го вртливото
копче (3) на десниот граничник. Оваа
поставка е неопходна, доколку вртежниот
момент не достига во позиција III .
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (2) на
ознаката „Дупчење". Откако ќе ја продупчите плочката,
Bosch Power Tools