OBJ_BUCH-2315-002.book Page 104 Friday, October 28, 2016 12:24 PM
104 | Македонски
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или тргање
настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат
невнимателниот старт на вшмукувачот.
Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот, филтерската
единица и отворите за проветрување, за да може
добро и безбедно да работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на вшмукувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на комората за прав
(погледнете ги сликите C1–C3)
Исчистете ја комората за прав 8 по секоја употреба, за да го
одржите максималниот капацитет на вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 8 од куќиштето за моторот 7.
Извадете ја филтерската единица 15 од контејнерот за
прав.
– Истресете ја комората за прав 8 над еден соодветен сад за
отпад.
– Доколку е потребно, исчистете ја комората за прав со
една влажна крпа.
Доколку е потребно, исчистете ја филтерската единица
(види „Чистење на филтерската единица", страна 104).
– Повторно ставете ја филтерската единица 15 во
контејнерот за прав 8.
Прикачете ја комората за прав долу во куќиштето на
моторот и притиснете ја малку за да се вклопи.
Чистење на филтерската единица (види слики D1–D3)
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 8 од куќиштето за моторот 7.
Извадете ја филтерската единица 15 од контејнерот за
прав.
– Одвртете го поклопецот на филтерот 16 од дихтунгот на
филтерот 17.
Извадете го HEPA-филтерот 18 од поклопецот за филтер
16.
– Исчеткајте ги ламелите на HEPA-филтерот со меко
метличе.
– Вградувањето се врши по обратен редослед.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали е полна комората за прав 8?
▷ Види „Чистење на комората за прав", страна 104.
1 609 92A 2F4 | (28.10.16)
– Дали HEPA-филтерот 18 е запушен со прав?
▷ Види „Чистење на филтерската единица", страна 104.
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷ Види „Полнење на батеријата", страна 103.
Редовното празнење на комората за прав 8 и чистењето на
филтерската единица 15 овозможува оптимален капацитет
на вшмукување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на
вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната
служба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне
доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме
наведете го 10-цифрениот број од спецификационата
плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот
за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат
само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја
батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте вшмукувачот и батериите во домашната канта
за ѓубре!
Bosch Power Tools