OBJ_BUCH-1183-007.book Page 181 Friday, June 30, 2017 3:12 PM
Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
Ласерско зрачење
Не погледнувајте во зракот
Класа на ласер 2
Не ја носете долгата коса пуштена.
Не носете заштитни ракавици.
Не носете широка облека или накит.
Носете заштитни очила.
Bosch Power Tools
Ознаки и нивно значење
Прекинувач за
вклучување/исклучување
Исклучување
Активирање на екранот
Дупчење
Брзо запирање (Quick Stop)
Дијаграм за број на вртежи
Дијаграмот го прикажува бројот на вртежи што треба да
се постави (rpm) во зависност од дијаметарот на
бургијата (Ø во мм) за материјал челик (Steel) и
алуминиум (Aluminium).
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат како и соодветните алати за
вметнување се наменети за дупчење во дрво, метал и
пластика.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Основна плоча
2 Брзозатезен лост
3 Брз затегнувач
4 Столб за дупчење
5 Назабена летва
Македонски | 181
1 609 92A 3XK | (30.6.17)