Skil 3164 Manual Original página 90

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Кога користите електричен уред, секогаш следете ги
основните мерки на претпазливост, вклучувајќи го и
следново:
ПРОЧИТАЈТЕ И ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
ПРЕД КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД!
! За да го намалите ризикот од пожар, струен
удар или повреда на лица, не користете
резервни делови кои не се препорачани од
производителот.
! За да го намалите ризикот од пожар,
електричен удар или повреда: Запознајте го
вашиот вентилатор. Внимателно прочитајте
го прирачникот за употреба. Научете ги
употребите и ограничувањата на вентилаторот,
како и специфичните потенцијални опасности
поврзани со него. Следењето на ова правило
ќе го намали ризикот од електричен удар,
пожар или сериозни повреди.
1) Безбедност на работното место
a) Одржувајте го работното место чисто и добро
осветлено. Неуреден или темен работен простор
може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со вентилаторот во средини во
кои има опасност од експлозија, како на пример во
кои има запалливи течности, гасови или прашина.
c) Бидете внимателни при употреба во ветровити
услови. Ветровите може да носат магла во
електричните жици или уредите.
d) Држете ги децата и другите лица подалеку
додека ракувате со уредот. Може да изгубите
контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
e) Не го изложувајте уредот на дожд или влага.
Продирањето на вода во уредот ќе ја зголеми
опасноста од струен удар.
2) Лична безбедност
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и
постапувајте разумно додека работите со уредот.
Никогаш не работете со уредот ако сте уморни,
или под влијание на дрога, алкохол или лекови.
Момент на невнимание при работење со уредот
може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштитни очила. Носењето на заштитна опрема,
како што е маска за прашина, безбедносни обувки
кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за
уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат
опасноста од лични повреди.
c) Спречете случајно вклучување. Осигурете
се дека прекинувачот е на позицијата off
(исклучено) пред приклучувањето
d) на изворот на напојување и/или батеријата,
подигнувањето или носењето на алатот.
Носењето на уредите со вашиот прст на
прекинувачот или вклучување на уредите со
прекинувачот поставен на позиција on (приклучено)
доведува до несреќи.
e) Пред вклучување на уредот отстранете ги
сите клучеви за подесување или алати за
навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен
на ротациониот дел на уредот, може да доведе до
лична повреда.
f) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело
време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да го контролирате
уредот во неочекувани ситуации.
g) Носете соодветна облека. Не носете лелеава
облека или накит. Чувајте ги косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Лелеавата
облека, накитот или долгата коса може да се зафатат
во подвижните делови. Проверете дали сите врски
се безбедни пред да работите со уредот.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата
употреба на уредот да ве направи невнимателни
и да ги игнорирате безбедносните принципи
за уредите. Невнимателната активност може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
3) Употреба на уредот и грижа за него
a) Не преоптоварувајте го уредот. Користете го
правилниот уред наменет за вашата работа. Со
соодветниот уред ќе ја завршите работата подобро и
побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го уредот ако прекинувачот не
може правилно да се вклучи и исклучи. Секој
уред кој не може да се контролира со помош на
прекинувач е опасен и мора да се поправи.
c) Исклучете го уредот од струја и/или извадете
го комплетот со батерии од машината,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна
опрема или да ги складирате уредите. Со овие
превентивни безбедносни мерки се намалува
опасноста од случајно вклучување на уредот.
d) Складирајте ги уредите во мирување надвор од
дофатот на деца и не им допуштајте работа со
машината на лица кои не се запознаени со него
или кои го немаат прочитано ова упатство за
ракување со уредот. Уредите се опасни доколку со
нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги уредите и дополнителната
опрема. Проверете дали има изместување
или заглавување на подвижните делови, дали
некои делови се скршени или се во некоја друга
состојба што влијае врз работата на уредот.
Ако е оштетен, однесете го уредот на поправка
пред да го користите. Многу несреќи се случуваат
заради неодржувани уреди.
f) Уредот, дополнителната опрема, работните алати
итн. треба да ги користите според овие упатства,
земајќи ги во предвид работните услови и
работата која треба да се заврши. Употребата
на уредот за работи што се поинакви од неговата
намена може да доведе до опасна ситуација.
g) Одржувајте ги дршките и површините за
фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив.
Дршките и површините за држење што се лизгаат
не овозможуваат безбедно ракување и контрола на
уредот во неочекувани ситуации.
4) Употреба на уредот на батерии и грижа за него
a) Вршете полнење само со полначот што е
пропишан од страна на производителот. За
полначот кој е соодветен за еден вид на батерии,
постои опасност од пожар, доколку се употребува со
90
loading

Este manual también es adecuado para:

3164ca