Clean Air Optima CA-705 Smart Manual página 199

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 67
Континурано прочистување на воздухот, икона со име
во апликација: Чист воздух
Со притискање на копчето за прочистување на воздухот може да го користите
уредот како прочистувач.
Брзина на вентилаторот
(Само за програма MODE: Нормално одвлажнување и континуирано
прочистување на воздухот)
Со притискање на копчето за брзина на вентилаторот, можете да го промените
нивото на брзина на вентилаторот. Овозможен поединечен проток на воздух
со помош на 2 брзини на вентилаторот.
Негативни јони
Во програмата со четири режими MODE и функцијата за континуирано
прочистување на воздухот, функцијата за негативни јони ќе се активира
автоматски. Генераторот на негативни јони има вкупен капацитет од > 3.000.000
негативни јони/cm² коишто се шират со протокот на воздух низ целата
просторија и со тоа се неутрализираат загадувачите и мирисите. Негативните
јони се прикачуваат за честичките прав, микроорганизмите и другите
непосакувани честички во воздухот и ги спојуваат едни со други. На тој начин,
честичките стануваат потешки од воздухот и паѓаат на подот, така што повеќе
не можете да ги вдишувате.
Негативните јони најмногу се наоѓаат во шумите, планините и покрај море.
Негативните јони гарантираат свеж и здрав воздух.
Тајмер
Притиснете го копчето Timer за да одредите време на работа од 0 до 24 часа.
Со едно притискање на копчето, тајмерот се зголемува за еден час. Кога уредот
работи, наместениот тајмер покажува кога уредот ќе се исклучи. Ако уредот е во
режим на подготвеност, тајмерот што е поставен кажува кога уредот да се вклучи.
Мирување
Притиснете го копчето Sleep и ќе се активира режимот на спиење, а дисплејот
ќе се исклучи. Притиснете го копчето за мирување за повторно да се префрлите
во поставките.
Детска брава, икона со име во апликација: Брава
Детската брава се вклучува/исклучува со притиснување на копчето за детска
брава „Child lock" околу 3 секунди. Детската брава го штити уредот од несакана
употреба.
Индикаторска сијаличка за полн резервоар за вода
Кога резервоарот за вода е полн, уредот автоматски ќе престане да работи.
Индикаторската сијаличка за полн резервоар за вода се вклучува. Испразнете го
резервоарот за вода и вратете го во уредот, а индикаторската сијаличка за полн
резервоар за вода ќе се исклучи. Уредот автоматски ќе се вклучи повторно.
199
loading

Este manual también es adecuado para:

Ca-706 smart