За намалување на ризикот од физички повреди
при уземјување.
ОПАСНОСТ
Опаснот од струен удар.
Допирањето на некои интерни компоненти може да предизвика сериозни
лични повреди или смрт.
Не расклопувајте го овој апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
Неисправното уземјување може да доведе до струен удар. Не вклучувајте
го уредот во штекер за струја додека исправно не го инсталирате и
уземјите.
Овој уред мора да биде уземјен. Во случај на краток струен спој
уземјувањето ја намалува опасноста од струен удар со излезни жици за
електрична струја.
Овој уред е опремен со уземјен струен кабел и приклучок со контакт за
уземјување. Приклучокот треба да се вклучи во исправно инсталиран и
уземјен штекер. Консултирајте се со квалификуван електричар или
сервисер доколку целосно не ги разбирате упатствата за уземјување или
доколку не сте сигурни дали уредот е исправно уземјен.
Доколку морате да користите продолжен кабел, користете само продолжен
кабел со три приклучока.
1.Струјниот кабел е краток за да се намалат ризиците од сплеткување по
должината на струјниот кабел.
2.Доколку се користи подолг струен кабел или продолжен кабел:
1)Номиналната моќ на струјниот кабел или продолжниот кабел мора да
биде еднаков или поголем од номиналната моќ на уредот.
2)Продолжниот кабел мора да биде од уземјен тип.
3)Подолгиот струен кабел треба да се намести така што нема да виси
преку работ на работните површини или маси каде би можело децата да го
повлечат или случајно да се сопнат.
125