Milwaukee AGV 12-125 X Manual Original página 134

Ocultar thumbs Ver también para AGV 12-125 X:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува
гаранција за сигурно употреба.
d) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува,
мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на
вртежите на вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто се
врти побрзу, може да се скриша и да излета.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот
мора да соодветствуваат со податоците за димензиите
на вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна
димензија не можат да бидат соодветно заштитени или
контролирани.
f) Навоите на деловите од приборот мора да се
совпаѓаат со навојот на осовината за брусење. Кај
деловите од приборот кои што се приспојуваат,
бушењето за трнот за натегнување во делот од
приборот мора да се совпаѓа со пресекот на фланшот за
локализирање. Делови од приборот кои што не пасуваат на
монтажниот трн на апаратот, работат ексцентрично, вибрираат
прекумерно силно и можат да доведат до загуба на контролата
Mak
врз орудието.
g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја
употреба извршете контрола, како на пример на
дисковите за брусење по однос на расцепи и пукнатини,
на подножјата за брусење по однос на пукнатини,
изабаност или голема искористеност, на четките со
жици по однос на лабави или скршени жици. ко
електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали
тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. ко
приборот сте го провериле и го употребувате, тогаш вие
и лицата, кои се наоѓаат во близина, треба да бидете вон
доменот на ротирачкиот прибор и оставете го приборот
да работи една минута со максимален број на вртежи.
Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период.
h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина,
заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална
престилка, со која се заштитувате од ситни честички од
шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат
заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои
настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина
и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава
при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна
бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
j) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани
површини за држење, додека извршувате работи, кај
кои приборот може да погоди сокриени струјни водови
или сопствениот кабел за напојување со струја. Контакт со
жица под напон исто така ќе направи проводници од металните
делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
k) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана
од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над
Македонски
132
електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се
исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да
бидат повлечени во приборот што се врти.
l) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако
орудието за применување не е дојдено во потполно
мирување. Електро-алатот што се врти може да дојде во
контакт со површината, на којашто се остава, а на тој начин
можете да ја изгубите контролата над електро-алатот.
m) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во
вашето тело.
n) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
o) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
p) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти,
како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со
жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до
неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува
во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот
во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат
исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете
да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за
да можете да имате максимална можна контрола над
силите од повратниот удар или на моментите на реакција
при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина
на прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот
може да биде исфрлен врз вашата рака.
c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока
од насоката на движење на дискот за брусење на местото за
спојување.
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Agv 12-125 xpd

Tabla de contenido