SKIL MASTERS 3855 Manual Del Usuario página 171

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 59
• Во случај на атипично однесување или непознати
звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го
штекерот од електричниот приклучок
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
РАДИЈАЦИЈА НА ЛАСЕРОТ
• Не гледајте во зракот на ласерот (радијација на
ласерот) 4
• Не насочувајте го ласерот кон животни
• Не користете оптички алати за аголемување (како
што се лупа, телескоп или двоглед) за да го гледате
зракот на ласерот
• Не вклучувајте го алатот во присуство на запаливи
течности, гасови или прашина
• Не вклучувајте го алатот ако во близина има деца
• Не заменувајте го поставениот ласер со ласер од
друг тип
ПО УПОТРЕБА
• По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
• Тргајте ги отсечените делови или другите парчиња
од работниот материјал кога деловите што се
движат ќе се смират сосема
• Сечивото многу се вжештува во текот на работата.
Не допирајте го пред да се излади
УПОТРЕБА
• Позиција при транспорт/работа 6
За ослободување на алатот (работна позиција)
- притиснете ја рачката B 5 надолу со едната рака
додека го излекувате клинот за заклучување C со
другата рака, вртејќи го за 1/4 во кој било правец
и потоа пуштајќи го во таа позиција
- водете за ракофатот на алатот полека нагоре
- разлабавете го регулаторот за заклучување за да
сечете со лизгачко движење R
за обезбедување на алатот (позиција за транспорт)
- лизнете го ракофатот на алатот до граничникот во
правец на заштитата L и затегнете го регулаторот
за заклучување R
- притиснете ја безбедносната рачка D 5 додека го
спуштате алатот со рачката B кон граничникот
- пуштете ја безбедносната рачка D и држете ја
рачката B надолу со едната рака додека го
излекувате клинот за заклучување C со другата
рака, вртејќи го за 1/4 во кој било правец и потоа
пуштајќи го во таа позиција
- користете ја рачка за транспорт E 5 за носење на
алатот
• Поставување на алатот на работната површина 7
! за безбедно ракување, секогаш поставувајте
го алатот врз рамна и стабилна работна
површина (на пр. работна подлога)
- употребете ги 4 отвори за поставување F за
прикачување на алатот и соодветните шрафови на
работната површина
- може и да го стегнете алатот за работната
површина со комерцијално достапни стегалки со
шрафови
- за стабилизирање на алатот, висината на
потпорната подлога G може да се прилагоди
• Вадење прашина/честички 8
- поставете вреќа за прашина H/правосмукалка
како што е прикажано
- празнете ја редовно кесата за прашина за да
постигнете оптимално собирање на прашината
! никогаш не дозволувајте цревото на
правосмукалката да дојде во допир со
долниот заштитен механизам или со
операцијата на сечење
• Продолжување на масата за циркуларот 9
- употребете ги регулаторите J1 за да ги
прицврстите шипките за продолжување J (од
двете страни на алатот)
- должината на шипките за продолжување J е без
прекини и прилагодлива од минимум до максимум
• Стегање на парчето за обработка 0
! за оптимално безбедна работна средина,
секогаш цврсто стегнете го парчето за
обработка со доставените прилагодливи стеги
- не работете со парчиња што се премногу мали за
стегање
- за максималните димензии на парчето,
користете ја масата ! како референца
За вертикално стегање 0a
- стегнете ја поставената стегалка во потпорниот
отвор K1 со регулаторот K2 (од двете страни на
алатот)
- притиснете го работното парче цврсто до
заштитата L
- прилагодете ја стегалката за парчето со
регулаторот K3
- цврсто стегнете го парчето со вртење на
регулаторот надолу K4
За хоризонтално стегање 0б
- извадете ја стегалката од држачот со помош на
регулаторот K5
- поставете ја стегалката во потпорниот отвор K6
како што е посочено (од двете страни на алатот)
- притиснете го работното парче цврсто до
заштитата L
- цврсто стегнете го парчето со вртење на
регулаторот надолу K4
• Поставување агли за засекување @
- разлабавете ја рачката за заклучување M
- свртете ја масата со циркуларот налево или надесно
и поставете го саканиот агол за засекување (од 0°
до 47°) користејќи го индикаторот M1
- затегнете ја рачката за заклучување M (не
стегајте ја премногу рачката)
- за брзо и прецизно поставување на честопати
користените агли на засекување (0°, 15°, 22.5°,
30°, 45°), масата со циркуларот се мести во
соодветните позиции
• Поставување агли за забодување #
- разлабавете го регулаторот со три крака N
- однесете ја рачката на алатот налево за да може
индикаторот за аголно забодување N1 да
покажува на саканиот агол
- држете го алатон во оваа позиција и стегнете го
регулаторот N
171
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido