Ferm AGM1093P Manual Del Usuario página 142

Traducción del manual original
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
на капацитетот на алатот. Несоодветна
големина на приборот неможе адекватно да
се заштити и да се контролира.
f) Навојот на монтажниот прибор мора
да одговара на навојот на вретеното на
брусилката. За прибор кој се монтира со
прирабници, отворот на насадот мора да
одговара на пречникот на прирабницата.
Прибор кој не се совпаѓа со монтажната
геометрија на алатот ќе биде небалансиран,
интензивно ќе вибрира и може да предизвика
губење на контрола.
g) Не користете оштетен прибор. Пред секое
користење проверете го приборот, како
нпр., брусната плоча да нема пукнатини,
подложното перниче да нема пукнатини
или да не е изабено, жичаната четка да не е
искубана или да нема искршени влакна. Ако
електричниот алат или приборот паднал,
проверете ги можните оштетувања или
ставете неоштетен прибор. После проверката
и ставањето на приборот, ракувачот и другите
присутни да не стојат во рамнината на
ротирањето на приборот и електричниот алат
да се пушти да работи без оптеретување
околу 1 min. Оштетен прибор ќе се распадне
за ова време.
h) Носете опрема за лична заштитна. Според
видот на работата, користете заштита за
лицето, ракавици или заштитни очила.
Носете маска за прашина, заштита за
слухот, ракавици и облека која штити од
мали отпадоци од брусење или од струшка.
Заштитата за очите мора да биде во состојба
да ги сопре разлетаните делови настанати
при работа. Маската за прашина мора да
биде во состојба да штити од прашина
настаната при работа. Кога сте изложени на
долготрајна бучава носете заштита за слухот.
i) Присутните да бидат оддалечени од
работниот простор. Секој кој влегува во
работниот простор мора да носи заштитна
опрема. Отпадоците од работното парче или
од скршениот прибор може да се разлетаат и
да предизвикаат повреди.
j) Држете го електричниот алат за изолирани
дршки, ако се изведуваат работи кај кои
резниот алат може да дојде во контакт со
скриени жици или со сопствен кабел. Со
пресекување на „жива" жица и металните
делови од електричниот алат стануваат
142
„живи" и ќе предизвикаат струен удар кај
ракувачот.
k) Кабелот да е подалеку од вртливиот
прибор. Ако ја изгубите контролата врз
алатот, можете да го пресечете или да го
зафатите кабелот и рацете да ви бидат
зафатени од вртливиот прибор.
l) Алатот да не го одложувате додека
приборот не престане да се врти.
Вртливиот прибор може да дојде во контакт
со површината на која се одложува и ќе се
изгуби контрола врз алатот.
m) Алатот не смее да работи кога се
пренесува. Со случаен допир со приборот ќе
ви се зафати облеката и ќе се повредите.
n) Редовно чистете ги отворите за
вентилација. Вентилаторот вовлекува
прашина и при големи наслаги на метална
прашина може да дојде до куса врска.
o) Не работете со алатот во близина на
запаливи материјали. Искрите можат да ги
запалат овие материјали.
p) Не користете прибор за кој треба разладно
средство. Користење на вода или разладно
средство ќе предизвика струен удар.
Причини за повратен удар и предупредувања
Повратен удар е моментна реакција на
заклинета ротирачка брусна плоча, подложно
перниче, четката или друг прибор. При
заклинување доаѓа до брзо сопирање на
ротирачкиот прибор и на тој начин електричниот
алат се задвижува во спротивна насока од
ротирањето, во точката на допирот.
На пример, ако брусниот диск се заклини во
работно парче, работ од дискот кој навлегол
во точката на заклинувањето може да ја копа
површината од материјалот што предизвикува
дискот да се качи или да отскокне. Тој може да
отскокне кон или од ракувачот, во зависност
од насоката на движењето во точката на
заклинувањето. Дискот може да се скрши во
оваа состојба. Повратниот удар е резултат на
погрешно ракување со електричниот алат и/или
при неправилна работна постапка или состојба,
а може да се избегне со придржување кон
подолу опишаните мерки.
a) Цврсто држете ја рачката од алатот и
телото и рацете да ви бидат во положба
да го одбијат повратниот удар. Секогаш
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Agm1094pAgm1095p

Tabla de contenido