Ferm AGM1093P Manual Del Usuario página 141

Traducción del manual original
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
АГОЛНА БРУСИЛКА
AGM1093P 750W 100mm
AGM1094P 750W 115mm
AGM1095P 950W 125mm
Благодариме за купувањето на овој FERM
производ. Со тоа имате одличен производ,
испорачан од еден од водечките добавувачи
во Европа. Сите производи доставени од
страна на FERM се произведени според
највисоките стандарди на перформанси и
безбедност. Како дел од нашата филозофија
обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со
врвна сеопфатна гаранција. Се надеваме дека
ќе уживате користејќи го овој производ многу
наредни години.
1. БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
Прочитајте ги приложените,
дополнителните безбедносни
предупредувања и упатствата.
Погрешното следење на безбедносните
преупредувања и упатствата може да доведе
до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните преупредувања
и упатствата за да можете повротно да
ги прочитате.
Следните симболи се користат во упатствата
или на производот:
Прочитај го упатството.
Означува ризик од повреда, губење на
живот или оштетување на алатот
во случај на непочитување на
упатствата.
Ризик од струен удар
Веднаш извадете ја приклучницата
од струја ако кабелот е оштетен
како и за време на чистење и
одржување.
Ризик од разлетани објекти.
Присутните лица да се подалеку од
работната област
Секогаш носете заштита за очите!
Носете заштита за слухот.
Носете заштитни ракавици.
Не го притискајте забравникот за
вретено додека моторот работи.
Ризик од пожар.
Не го депонирајте производот во
несоодветни садови.
Производот е во согласност со
важечките стандарди за безбедност
во Европските смерници.
Безбедносни предупредувања заеднички за
брусење или абразивни сечења:
a) Овој електричен алат е наменет за
брусење. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатствата, илустрации
и технички податоци за овој електричен
алат. Ако не се придржувате кон дадените
упатства, кои е се наведени подолу, постои
опасност да предизвикате струен удар, пожар
и/или тешки повреди.
b) Операции како што се пескарење,
работа со жичана четка, полирање не се
препорачуваат да се изведуваат со овој
електричен алат. Операциите кои не се
предвидени за овој алат предизвикуваат
опасност од повреди.
c) Не користете прибор кој не е произведен и
препорачан од страна на производителот
на алатот. Дури и кога приборот ќе биде
прицврстен на алатот не постои гаранција за
безбедно работење.
d) Номиналната брзина на приборот мора
да одговара на max. брзина означена
на алатот. Прибор кој работи побрзо од
номиналниот број на вртежи, може да се
скрши и да се распрска во околината.
e) Надворешниот пречник и дебелината
на приборот мора да бидат во рамките
141
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Agm1094pAgm1095p

Tabla de contenido