информации, Информации за безбедност, Логоа за
сертификација.
Безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги сите информации за безбедноста
пред да го користите уредот за да бидете сигурни дека работи
безбедно и правилно и да научите како правилно да го
фрлите уредот.
Работа и безбедност
•
За да спречите евентуално оштетување на слухот, не
слушајте многу гласно долг период.
•
Користењето неодобрен или несоодветен адаптер за струја,
полнач или батерија може да го оштети уредот, да го
намали животниот век или да предизвика пожар, експлозија
или друга опасност.
•
Идеални работни температури се од 0 °C до 35 °C. Идеални
температури за складирање се од –20 °C до +45 °C.
•
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се
одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на
пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот
од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот
во предниот џеб.
•
Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна
топлина и директна сончева светлина. Не поставувајте ги на
или во уреди за затоплување, како што се микробранови
печки, шпорети или радијатори.
•
Почитувајте ги локалните закони и прописи кога го
користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не
го користете безжичниот уред додека возите.
•
Додека летате во авион или непосредно пред качувањето,
користете го уредот според дадените упатства. Користењето
безжичен уред во авион може да им пречи на безжичните
175