Никогаш не обидувајте се да го поправате печатачот самостојно, бидејќи тоа е
исклучително опасно.
Не го користете печатачот во околина каде би можело да постои запалив или
експлозивен гас. Не користете спрејеви што содржат запалив гас во внатрешноста или
во близина на производот.
Може да се јави пожар.
Поврзете ги каблите само како што е наведено во упатството.
Може да се јави пожар. Ова исто така може да предизвика штета на поврзаните уреди.
Не внесувајте или испуштајте било какви метални или запаливи предмети во отворите
на печатачот.
Може да дојде до електричен удар или пожар.
Не допирајте области во печатачот, освен оние што се наведени во упатството.
Тоа може да предизвика електричен удар или изгореници.
Не расклопувајте ништо, освен кога тоа е посочено во упатството.
Ако ЛЦД-екранот за контролната табла е оштетен, бидете внимателни ако истекува
течен кристал.
Обезбедете прва помош под било кој од следниве услови.
❏ Ако течноста се прилепи на вашата кожа, избришете ја веднаш и потоа измијте ја
областа користејќи голема количина на вода и сапун.
❏ Ако течноста влезе во очите, плакнете ги со чиста вода најмалку 15 минути и советувајте
се веднаш со лекар.
❏ Ако течноста се проголта, исплакнете ја устата со вода, голтнете голема количина вода
и повратете ја назад и советувајте се веднаш со лекар.
Ако во печатачот навлезе туѓо тело или течност, како на пример вода, веднаш
престанете да го користите.
Може да дојде до електричен удар или пожар. Веднаш исклучете го напојувањето и
извадете го кабелот за напојување, а потоа контактирајте го вашиот набавувач или Epson
поддршката на купувачи.
Не седете и не ставајте тешки предмети врз производот.
Печатачот може да се преврти или да се скрши и да предизвика повреда.
Кога го пренесувате производот или кога сакате да го складирате, осигурете се дека е
нивелиран: не навалувајте го под агол или наопаку.
Можно е мастилото да истече.
Бидете внимателни да не ги вклештите рацете или прстите кога го отворате или
затворате капакот за печатач или капаците за одржување.
Непочитувањето на оваа мерка за претпазливост може да предизвика повреда.
При поврзување кабли или додатоци што сте ги избрале, бидете сигурни дека сте ги
монтирале во правилна насока и дека сте ги следеле точно процедурите.
Може да се случи пожар или повреда. Инсталирајте го печатачот правилно следејќи ги
упатствата во прирачникот.
!
Предупредување
!
Опомена
95
95