Ако мислите да користите боја, мора да го одберете LQ-300. Другите
печатачи не можат да печатат во боја.
Забелешка:
Ако на списокот во Вашата апликација нема соодветна алтернатива,
контактирајте со произведувачот на софтверот да видите дали има некаква
надградба.
Кога софтверот за печатачот е успешно инсталиран на Вашиот
компјутер, печатачот Ви е подготвен за употреба.
6. Користење на Упатството за
употреба
Упатството за употреба содржи детални информации за функциите
на печатачот, опционалните производи, софтверот за печатачот,
решенија за проблемите и технички спецификации.
Постапете на следниот начин за да дојдете до Упатството за
употреба на ЦД-то.
1. Ставете го ЦД-то со софтверот за печатачот во погонот за ЦД на
компјутерот.
2. Двојно кликнете на User Guides (Прирачници) на екранот. Ќе се
појави дијалошкиот оквир на водичот низ прирачниците.
12