Мерки на претпазливост при работа (продолжение)
•
Пред користење на овој медицински уред, корисниците на базната станица треба да ги прочитаат
сите упатства во овој прирачник.
•
Базната станица е соодветна за сите средини, вклучувајќи и домашни средини, како и средини
што директно се поврзани на јавни мрежи за снабдување згради со нисконапонско напојување за
домашна употреба.
•
При поставување на базната станица потребно е да се изврши процена на потенцијалните опасности
поврзани со насочување на електричните кабли и линиите за инфузија. По потреба, утврдете и
применете мерки за намалување на опасностите.
•
Базната станица треба да се користи само со компатибилни CareFusion производи и помошна
опрема, како и со соодветни кеси и линии за инфузија.
•
Додека се користи за терапија на пациенти, секоја базна станица треба да биде наменета за нега на
еден пациент.
•
Оваа базна станица не е наменета за употреба во присуство на запаливи смеси на анестетици и
воздух/кислород или диазотен оксид.
1000DF00444 Iss. 2
Работна средина
202/210