Слободниот простор помеѓу каменот и
држачот на штитникот треба да изнесува
1 – 1,5 mm.
•
Стегнете ја завртката (A).
•
Подесете го штитникот за очи така да ви
биде заштитено лицето во најголема мера.
•
Секогаш да носите заштитни очила.
Подесување на потпирачот за алат
Сл. B
Потпирачот за алат треба да се
дотерува кога дискот е во
потполно мирување, а машината е
исклучена од струја.
Обезбедете го потпирачот за алат,
овозможувајќи максимален зјај (C) помеѓу
потпирачот и брусниот камен од 1 -1.5 mm.
Замена на брусен диск
Сл. C
Потребен алат:
•
19 mm клуч
•
8 mm клуч
•
Одвртувач
Дискот се менува само кога
моторот е во мирување и струјата
е целосно исклучена.
•
Отстранете го штитникот, со користење на
соодветен клуч. При промена на камења,
запомнете дека вретеното од кај десната
рака е со десен навој, а вретеното од кај
левата рака е со лев навој.
•
Отстегнете ја навртката со помош на клуч
Отстранете го каменот.
•
Исчистете ги прирабниците. Заменете
ја прирабницата, со конкавната страна
свртена кон брусниот камен. Навлечете
нов брусен камен на вретеното. Поставете
ја втората прирабница врз вретеното, со
конкавната страна свртена кон брусниот
камен. Стегнете ја навртката, но не
многу силно! Заменете ги штитниците
и прилагодете го потпирачот на алатот.
Оставете го моторот да работи неколку
секунди пред да почнете да брусите.
48
4. РАКУВАЊЕ
Избор на брусен диск
Грубите дискови генерално отстрануваат
повеќе материјал, а фините дискови
се користат за завршна обработка. Ако
површината е нерамна, започнете со груб
диск и брусете додека работното парче не
се измазни. Потоа употребете фин диск за
отстранување на жлебови и гребнатини
останати од грубиот диск и завршете го
работното парче.
Брусење
Брусилката се испорачува со еден брусен диск
за суво и еден за водено брусење. Во принцип,
дискот за суво брусење е погоден за грубо, а
дискот за водено брусење, за фино брусење,
каде е доволно лесно притискање на парчето
врз брусниот камен. Оваа машина е посебно
конструирана за брусење на алати со резни
рабови, како што се ножеви, ножици, длета,
итн. За најдобри резултати, наполнете го садот
за вода.
За да се избегне затнување на дискот,
одбегнувајте да брусите дрво, олово или било
кој друг мекан материјал или метал. Да се
избегне создавање на бразди, не го притискајте
работното парче премногу врз дискот.
Користете вода за ладење на работното парче.
Длета за дрво и слично никогаш не треба да се
наострени „сино". Грижете се да не го изгубите
држењето на работното парче, кое одеднаш
може да се заглави помеѓу држачот на алат
и брусниот камен. Ова може да предизвика
кршење на дискот, застој на моторот или
летање на работното парче, што може да
предизвика повреди и оштетувања. Секогаш
кога машината е во употреба 30 min, таа треба
да се исклучи. Овозможете машината да се
излади до собна температура.
Ракување
•
Проверете го прекинувачот дали е во
„OFF/0" положба, пред вклучување на
кабелот во струја.
•
Притиснете го прекинувачот во „ON/1"
положба за да ја стартувате брусилката.