Milwaukee M18 CHX Manual Original página 67

Ocultar thumbs Ver también para M18 CHX:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вртливиот пневматски чекан може да биде употребен за
дупчење и дупчење во дрво, метал како и пластика при
независна употреба далеку од главното напојување.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS), 2006/42/EC, 2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-6:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 50581:2012
Winnenden, 2016-04-19
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот повторно
да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока потрошувачка
на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти,
заглавување на дупчалката, ненадејно запирање или краток спој,
електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и
вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да
загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се
истрошени, со цел истите да бидат заменети алатот треба да
биде пратен во постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг
употребен век и највисоки перформанси.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries
GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната,
а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати
треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита
на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
UkrSEPRO знак на конформитет.
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
Македонски
69
Mak
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido