Secure REACT Instrucciones De Uso página 41

Dispositivo de protección de oídos
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 14
Радио (погледнете Слика E1)
Relax/React
Заштитникот за слух се одликува со ограничување
на нивоата на звучни сигнали од звучниците до
максимални 82 dB(A) кои доаѓаат до увото.
Слушањето на радио може да доведе до послаба
разбирливост на сигналите за предупредување на
работното место.
Вклучување/исклучување на звукот
• Завртете го вртливото копче со ознака "1" за
да го вклучите радиото. Продолжете да вртите во
насока на часовникот за да ја зголемите јачината
на звукот.
• Во случај на услови со слаб прием, радиото
автоматски преминува од стерео режим во моно
режим, за да го задржи оптималниот квалитет на
звукот.
Избирач на фреквенција/канали (погледнете
Слика E2)
• Завртете го вртливото копче со ознака "2" за
избирање на радио станици.
• Фреквентниот опсег на радиото изнесува од 88-
108 MHz FM, AM 540-1700 KHz ("4")
Активно слушање (погледнете Слика E3)
Active/React
Заштитникот за слух е опремен со активна
функција за јачина на звукот. Проверете дали
функцијата работи пред да започнете да го
користите уредот. Доколку настанат пречки
или грешки, погледнете ги инструкциите од
производителот за одржување и замена на
батеријата.
• Предупредување! Звукот од активната контрола
на јачина на звукот кај заштитникот за слух може
да го надмине нивото на надворешниот шум.
• Заштитникот за слух се одликува со
ограничување на нивоата на звучни сигнали од
звучниците до максимални 82 dB(A) кои доаѓаат
до увото.
Вклучување/исклучување на звукот
• Завртете го вртливото копче со ознака "3" за да
ги вклучите микрофоните за активно слушање.
Продолжете да вртите во насока на часовникот
за да ја зголемите јачината на звукот.
Активно слушање + радио (погледнете Слика E)
React
• И двете функции имаат индивидуална контрола
на јачината на звукот. Прилагодете ја јачината на
звукот на саканото ниво.
REACT / RELAX / ACTIVE
REACT / RELAX / ACTIVE
Надворешен аудио влез (погледнете Слика F)
Заштитникот за слух е опремен со електронски
аудио влез. Проверете дали функцијата работи
пред да започнете да го користите уредот. Доколку
настанат пречки или грешки, погледнете ги
инструкциите од производителот.
• Предупредување! Поврзувањето на надворешен
аудио извор може да доведе до ниво на звук кое
го надминува дозволеното дневно изложување.
• Максимален дозволен аудио сигнал: 263 mV
• На аудио влезот од 3,5 mm може да поврзете
радио за комуникација, мобилен телефон или
друг надворешен извор на звук.
• Функцијата за јачина на звукот мора да биде
вклучена при користење на надворешниот аудио
влез.
Батерии (погледнете Слика G)
• Уредот се испорачува со две батерии од 1,5V и
AA големина.
• Користете само батерии од 1,5V и AA големина.
• Проверете дали половите плус и минус на
батериите се правилно поставени.
• Никогаш не менувајте ги батериите кога
електрониката е вклучена.
• Предупредување! Перформансите постепено
се намалуваат со празнење на батериите. При
нормална употреба,
векот на траење на
батеријата изнесува приближно 120/130/1000
часа.
Тестирани и одобрени во согласност со
PPE директива 89/686 EEC:
• EN 352-1 (лента за на глава/врат)
• EN 352-3 (приклучок за шлем)
• EN 352-4 (активно слушање)
• EN 352-6 (надворешен аудио излез)
• EN 352-8 (радио)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

RelaxActive

Tabla de contenido