MK
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за моторот и аку-
мулаторот (ако се доставени).
ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се
дадени во упатството и соодветните слики (дадени на
страниците 2 - 3 - 4 - 5) е претставена со број што
претходи на соодветниот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со
некои веќе поставени делови.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да
се извршат на цврста и рамна површина со доволно
простор за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
1.1a
Тип "I"
Прицврстете го ракофатот (1) во лежиштата со помош на
приложените завртки и навртки (2), како што е прикажано
на цртежот, внимавајќи брадавиците (3) да влезат во
соодветните отвори за саканата височина на ракофатот.
Поставете ја спиралната водилка на кабелот на стартерот
(4). Каблите на командите фиксирајте ги на ракофатот со
стегите (5).
1.1b
Тип "II"
Ставете ја рачката (1) во позиција за работа и фиксирајте
ја со страничните потпори на шасијата, со помош на доста-
вените шрафови и навртки (2) како што е посочено на
сликата.
Висината на рачката (1) се регулира на три различни
позиции, кои се постигнуваат со вметнување на
клиновите (3) во еден од трите пара отвори што се
наоѓаат на носачите.
Зашрафете ги докрај копчињата (2) по регулацијата.
Ставете го јажето за палење (4) во спиралата за водење
(5).
Зашрафете ја навртката (6) за фиксирање на спиралата
(5).
1.2
(Kаде што ја има) - Склопете ја таблата (1) или (1А)
следејќи ги постапките за секоја од нив посебно според
типот. Кај таблата "1А" внимавајте правилно да ги
поставите малечките стегалки (2-кратки) и (3-долги, ако
ги има).
1.3
Кај моделите со електро-стартер поврзете го
кабелот од акумулаторот на главниот кабел.
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА - Значењето на дадените симболи на ко-
мандите е објаснето на страница 6 и понатаму.
2.1
Контролата на гасот (каде што ја има) е со
контролен лост (1) поставен како што е прикажано на
соодветна плочка.
Некои модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им
е потребен гас.
2.2
Кочницата на ножот се контролира со лостот (1), и
треба да се притисне кон ракофатот при стартување и
користење на тревокосачката. Кога лостот ќе го
отпуштите, моторот запира.
48
2.3
Кај моделите со спојка на погонот, притиснете го
лостот (1) кон ракофатот за движење нанапред.
Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе го
отпуштите лостот.
2.4
Менување брзина (ако е предвидено) се управува
со рачката (1), чии позиции се посочени на етикетата.
2.5a
Тип "A"
Височината на косење се мести со отпуштање на лостот
(1) и подигање или спуштање на шасијата на саканата
позиција што може да се види низ специјалниот отвор.
ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ
МИРУВА.
2.5b
Тип "B"
Височината на косење се мести со притискање на копчето
(1) и подигање или спуштање на шасијата до саканата
положба
како
што
РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
3.1
Подигнете
го
соодветно прицврстете го цврстиот магацин за трева (1)
или платнениот магацин за трева (2) како што е
прикажано на соодветните цртежи.
3.2
За придвижување, следете ги упатствата во
упатството за моторот, значи, повлечете ја рачката за
кочницата (1) кон држачот и потоа цврсто повлечете го
ракофатот на јажето за палење (2).
Кај моделите со електричен погон, повлечете ја рачката
на кочницата (1) кон рачката и свртете го клучот за
контакт (3).
3.3
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш
се коси на иста височина и со наизменично менување на
правецот на косење.
Совети за третман на тревникот
Секој вид на присутната трева има различни
карактеристики и може да бара различни режими на
косење на тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата
што се содржани на пакувањето на семето во однос на
висината на препорачано косење во однос на условите на
растење во пределот каде е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од
ист вид и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако
ливчињата се покосат целосно, се оштетува тревникот и
идното косење ќе биде многу тешко.
Г енерално, вреди да се следат следните упатства:
– многу ниско косење предизвикува корнење и
проретчување на тревната површина со што
остануваат "голи места" ,
– на лето, косењето треба да е највисоко за да се
избегне исушување на теренот,
– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја
намали ефикасноста на сечивата врз тревата бидејќи
ќе се лепи и ќе предизвика заглавување на слој од
трева,
– во случај на делумно израсната трева, најдобро е да
прво да се искоси на најголема висина што ја
дозволува машината, проследено со второ косење по
два или три денови.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја
рачката на кочницата (1) и исклучете го кабелот од
свеќичката (2).
покажува
стрелката.
дефлекторот
(штитникот)
ОВА
и