ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ЗАБЕЛЕШКА - соодветните слики за насоките се
наоѓаат на стр. 2 во ова упатство.
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и
конкретно електрична сечкалка за градина.
Машината главно се состои од мотор којшто вклучува
едно сечиво коешто се наоѓа во машината и ги сечка
гранките.
Предвидена употреба
Машината е проектирана и наменета за сечкање
гранки и меки грмушки, како и на влажни лисја. Која
и да е друга употреба може да претставува опасност и
да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети
или на самата машина.
Забелешка: употребата на машината за сечкање главно
на мокри гранки го намалува ефектот на сечкање и на
долготрајност на сечивото.
Несоодветна употреба
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но
не се ограничува на следното):
•
употреба на машината за сечкање на материјали
што не се од растителна природа,
•
качување врз машината,
•
употреба на машината за преместување предмети.
Овој апарат може да го користат деца постари од 8
години, но и лица со намалени физички, сензорни
и ментални способност или лица коишто немаат
доволни познавања само доколку се под надзор или
се подучувани за употребата на апаратот на безбеден
начин и ги разбираат можните опасности. Децата не
смее да си играат со апаратот. Децата не смее да го
спроведуваат редовното чистење и одржување доколку
не се под надзор.
Можен ризик
И во услови на правилна употреба на машината, може
да се појават ситуации со можен ризик. Можните опасни
ситуации се предизвикуваат (како на пример, но не
само со):
•
исфрлање на камења или други материјали случајно
вметнати заедно со гранките,
•
кршење или неконтролирано движење на гранките
додека се вметнуваат и коишто може да доведат до
повреди на екстремитетите или на очите.
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
1. Ниво на акустична моќ според Директивата 2000/14
на ЕУ
2. Ознака за усогласеност со Директивата 2006/42 на ЕУ
3. Година на производство
4. Тип на машина
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Технички податоци
8. Код на производ
КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА
9. Потискувач, за притискање на кратките делови на
гранките во инката,
10. Рачка за движење,
11. Инка за полнење којашто може да се вади,
12. Копче за фиксирање на инката,
13. Команди за вклучување/застанување,
13A. Застанување (црвено);
13Б. Работа (зелено);
14. Приклучок за напојување со ел. енергија,
15. Сечиво за сечкање,
16. Тело на машината со тркала за движење,
17. Сад за собирање,
18. Отвор за празнење.
Веднаш по набавка на машината, запишете ги броевите
за идентификација (3 - 4 - 5) во соодветното место на
последната страница од ова упатство.
Примерот со декларацијата за усогласеност се наоѓа на
последната страница од ова упатство.
Не фрлајте го електричниот апарат заедно со
домашен отпад. Во согласност со директивата
на ЕУ, 2002/96/CE, отпадот што се состои
од електрични и електронски апарати е ваша
одговорност и, во согласност со националните одредби,
електричните апарати за фрлање треба да се фрлат
засебно за да може подоцна повторно да се употребат
на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати
се одложат на ѓубриште или на земја, штетните
состојки може да стапат во контакт со елементите
во почвата и да навлезат во синџирот на исхрана, со
што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата..
За подетални информации околу фрлањето на овој
производ, контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Машината треба да се користи внимателно. За таа
цел, на машината се поставени илустрации наменети
да ве потсетуваат за главните безбедносни мерки
при употреба. Нивното значење е објаснето подолу.
Затоа, препорачуваме внимателно да ги прочитате
безбедносните мерки што се дадени во засебно поглавје
на ова упатство.
Заменете ги оштетените или нечитливите етикети.
19. Внимание: прочитајте го упатството за употреба
пред да ја користите машината.
20. Внимание: држете ги настрана лицата коишто не се
соодветни да ракуваат со машината.
21. Внимание: ротирачки сечива. Не ставајте ги рацете
во отворот за полнење или празнење кога работи
моторот.
22. Внимание: користете акустична заштита, заштитни
очила и маска за заштита од прашина.
23. Внимание: исклучете го напојувањето пред да
пристапите кон процедури за одржување или ако
кабелот е оштетен.
8