Stiga C 1.8 Manual De Instrucciones página 221

Motosierra de cadena eléctrica portátil
Ocultar thumbs Ver también para C 1.8:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 105
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ОДНОС НА БЕЗБЕДНОСТА
предизвикани заради невнимателно користење.
ѓ) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од остатоци
при сечењето. Адекватно одржување од остатоци при
сечењето, со наострени сечива носи помалку случаи на
заглавување и полесно е за контролирање.
е) Користете ги електричниот апарат и додатоците во
согласност со ова упатство, имајќи ги секогаш во
предвид условите за работа и видот работа што треба
да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за
разни операции што не се предвидени може да предизвика
опасни состојби.
5) Помош
а) Електричниот
апарат
квалификувано лице со примена на само оригинални
резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на
електричниот апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА НОЖЕВИТЕ
НА ЛАНЕЦОТ
• Одржувајте ги сите делови на телото подалеку од
назабениот ланец додека сечивото на ланецот работи.
Пред да ја вклучите пилата со ланец, проверете дали
назабениот ланец не е во контакт со ништо. Еден момент
на невнимание додека работи пилата со ланец може да
доведе до закачување на облеката или телото за назабениот
ланец.
• Десната рака мора секогаш да ја држи задната рачка, а
левата рака предната рачка. Никогаш не смее да се сменат
рацете за држење на пилата со ланец бидејќи доведува до
ризик од инциденти за даденото лице.
• Носете заштитни очила и акустична заштита. Се
препорачува носење и друга заштита на главата,
рацете и стапалата. Носењето соодветна заштитна облека
ги намалува повредите на телото што се предизвикани
од иверките што се разлетуваат при случаен контакт со
назабената пила.
• Не користете ја пилата со ланец качени на дрво. Работа
со пилата со ланец додека сте качени на дрво може да
предизвика телесни повреди.
• Одржувајте секогаш правилна точка на потпора на
нозете и вклучувајте ја пилата со ланец само ако стоите
на стабилна, сигурна и рамна површина. Лизгавите
или нестабилни површини, како што се скалите, може да
предизвикаат губење на рамнотежата или губење контрола
врз пилата со ланец.
• Кога се сече гранка што се наоѓа под нивото, треба да се
обрне внимание на ризикот од контраудар. Кога отпорот
на структурата на дрвото ќе се разлабави, гранката што се
сече може да го повреди операторот и / или да се изгуби
контролата врз пилата со ланец.
• Користете ја со исклучително внимание кога се сечат
грмушки и млади честаци. Меките материјали може да се
заглават во назабениот ланец и да се исфрлат во ваш правец
и / или да предизвикаат губење на рамнотежата.
• Транспортирајте ја пилата со ланец за предната рачка
кога е исклучена, држејќи ја подалеку од телото. Кога
се транспортира или се одложува, пилата треба секогаш
да се става со заштита за лостот за водење. Правилно
ракување со пилата со ланец ја намалува можноста за
случаен контакт со назабениот ланец во движење.
• Придржувајте се до соодветните упатства за
подмачкување, за затегнување на ланецот и за
резервните делови. Ланец чие затегнување и подмачкување
не се правилни може да се скине што придонесува до ризик
од контраудар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти и без траги од масло
или масти. Замастените или мрсни рачки се лизгави и
предизвикуваат губење на контролата.
• Сечете единствено дрво. Не користете ја пилата со
ланец за употреби што не се предвидени. На пример:
не користете ја пилата за сечење пластични материјали,
материјали за градба или материјали што не направени
од дрво. Користењето на ланецот за други работи што не се
предвидени може да доведе до опасни ситуации.
треба
да
го
поправа
ПРИЧИНИ ЗА КОНТРАУДАР И ЗАШТИТА ЗА ОПЕРАТОРОТ
Може да дојде до контраудар кога крајната точка на лостот за
водење ќе удри во предмет или кога дрвото има кора што го
спречува назабениот ланец во процесот на сечење.
Контакт со крајните делови може во дадени случаи да
предизвика ненадејна повратна реакција вртејќи го лостот за
наведување нагоре или наназад кон операторот.
Затегнувањето на назабениот ланец за горниот дел на лостот
за наведување може да предизвика нагло движење наназад на
назабениот ланец насочен кон операторот.
Која било од овие реакции може да предизвика губење
контрола врз пилата со што се предизвикуваат тешки повреди
по лицата. Нема потреба да се употребуваат само уредите за
безбедност што се содржани во пилата.
Операторот на пилата со ланец, може да преземе различни
мерки за елиминирање на ризични ситуации или телесни
повреди во текот на сечењето. Контраударот е резултат на
неправилна употреба на машината и / или постапка или услови
на работа што не се правилни и може да се избегнат со следење
на соодветните, посочени мерки за заштита:
• Држете ја пилата цврсто со двете раце, со палците и
прстите околу рачките на пилата со ланец и ставајќи
го телото и рацете во позиција која ви дозволува да
ги издржите ударите на противударот. Силата на
противударот може да ги контролира операторот ако посочи
исклучително внимание на ситуацијата. Не оставајте ја
пилата со ланец.
• Не држете ги рацете многу далеку и не сечете
над висината на рамениците. Така се избегнуваат
неконтролирани контакти со екстремитетите и се
овозможува најдобра контрола врз пилата во предвидените
ситуации.
• Користете ги водилките на лостот и ланецот само за
работи што ги посочил производителот. Резервните
делови за лостот и за ланецот што не се соодветни може
да предизвикаат расипување на ланецот и / или контраудар.
• Придржувајте се до упатствата на производителот во
однос на острењето и одржувањето на пилата со ланец.
Намалување на нивото на темелноста може да доведе до
зголемување на контраударот.
• Техники на користење на електричната пила
Секогаш следете ги предочувањата за ваша безбедност и
применувајте ги техниките за сечење што најдобро одговараат
на работата во согласност со индикациите и со прикажаните
примери и упатства (видете поглавје 7).
Поставете го кабелот за напојување на начин да не се
заглавува во гранки или на други препреки.
• Движење на електричната пила во безбедносни услови
Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината
потребно е:
– да се исклучи моторот, да се смири ланецот и да се исклучи
машината од довод на ел. енергија;
– да се намести заштитата на лостот;
– да се фати машината само за држачите и да се насочи лостот
во правец спротивен од правецот на движење.
Кога машината се транспортира со возило, треба да се постави
на начин да не претставува опасност за никој и да се блокира
цврсто.
• Препораки за почетници
Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат, неопходно
е:
– да имате соодветна обука за користење на овој вид апарати;
– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упатството
за користење што се составен дел на овој прирачник;
– да сте вежбале на мали грмушки на земја или фиксирани на
соодветни потпори на начин што ќе доведе до неопходната
запознаеност со машината и со најчестите техники за сечење.
5
MK
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

C 1.8 etC 2.0C 2.0 etC 2.2C 2.2 et

Tabla de contenido