Промена На Алат; Ставање Во Употреба - Bosch GSB 20-2 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GSB 20-2 Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
Промена на алат
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика B)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1)
свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека целосно не
се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Запчеста глава за дупчење (види слика C)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (12),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење ставете го
во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење
(12) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика D)
При користење на битови за одвртувачот (13) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (14).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (2) на ознаката „Дупчење".
Менување на главата за дупчење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)
Демонтирајте ја дополнителната рачка и наместете го
прекинувачот за брзина (7) на средната позиција помеѓу
1. и 2. брзина.
Ставете една челична чивија Ø 4 mm со околу 50 mm
должина во дупката на грлото од вретеното, за да го
блокирате вретеното за дупчење. Клучот со внатрешна
шестаголна глава (15) со краток крак зацврстете го во
брзозатегнувачката глава за дупчење (1).
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот
алат и олабавете ја брзозатегнувачката глава (1) со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (15) во
правец ➊. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со
внатрешна шестаголна глава (15) се олабавува цврсто
вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете
го клучот со внатрешна шестаголна глава од
Bosch Power Tools
брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете
ја истата.
Монтирање на главата за дупчење (види слика F)
Монтажата на брзозатегнувачката/запчестата глава за
дупчење ќе ја извршите по обратен редослед.
По извршената монтажа на главата за дупчење,
u
повторно извадете ја челичната чивија од дупката.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од 50–55 Nm.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на правецот на вртење (види слика G)
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (3) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и навртување на завртки
притиснете го прекинувачот за правец на вртење (3) на
левата страна надолу и истовремено на десната страна
нагоре.
Македонски | 137
1 609 92A 4L0 | (16.08.2018)

Hide quick links:

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido